Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за заразни болести во среда ќе ја разгледува епидемиолошката состојба во земјава

0
By Biljana on March 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекарите од Комисијата за заразни болести наместо денеска ќе се состанат утре за да ја разгледаат епидемиолошката состојба во Северна Македонија.

НоваТВ од извори во Комисијата дознава дека наместо во вторник во 10 часот како што беше до сега, членовите на Комисијата почнувајќи од утре состаноци ќе имаат секоја среда на пладне.

Минатата недела, на состанокот на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука до Владата да се препорача укинување на мерките за излез од државата, односно неопходниот негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација или прележан вирус. Истовремено беше договорено да се препорача укинување на мерката бремените жени да бидат ослободени од работа.

„Според членовите на Комисијата во моментов е безбедно за бремените жени да се вратат на работа, но со препорака тие да се вакцинираат против Ковид- 19 бидејќи вакцината е безбедна“, рече портпаролот на Комисијата, доктор Злате Мехмедовиќ, веднаш по минатонеделникот состанок.

Комисијата за заразни болести на еден од последните состаноци исто така препорача сетрификатот за прележан Ковид-19, наместо 45 дена да трае 180 дена. Оваа препорака се уште чека одобрување од Владата.

Инаку, министерот за зравство Беким Сали вчера изјави дека продолжува трендот на намалување на бројот на активни ковид случаи, поради што надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата.

„Бројките на новозаразени секојдневно се следат и сега се наоѓаме во фаза на смирување на четвртиот бран. Дали Комисијата за заразни болести ќе предложи дополнително намалување на мерките, зависи од епидемиолошката состојба коај ќе се анализира на следниот состанок“, рече Сали и додаде дека поради малиот процент на заразени ученици, скринингот во основните училишта ќе биде прекинат.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, минатата недела регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5 проценти во однос на претходната седмица.

(Б.Б.)

Епидемиолошка состојба Комисија за заразни болести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.