Владата обезбеди компјутер за секое дете, но не ги спречи крадците лесно да провалуваат во училиштата и да ги крадат. Надлежноста на Министерството за образование завршува со доделувањето на компјутерите и потпишувањето на договори со општините и училиштата. Останува на полицијата да ги ресчистува случаите, а децата да учат компјутерско образование без компјутери.
Последниот случај на кражба, според МВР, е направен во основното училиште „Стив Наумов“ во Скопје, ноќта меѓу средата и четвртокот кога се украдени 61 компјутер лап топ. Според полицијата непознатиот сторител влегол преку прозорското стакло од две училници и ги одзел компјутерите, МВР работи на откривање на сторителот.
Како што информираат за НОВА од Министерството за образование и покрај тоа што овие компјутери се дел од проектот на Владата “Компјутер за секое дете“, тие не се надлежни за надомест на направената штета.
Како во вакви случаи се спроведува проектот?, праша НОВА.
Како и во другите случаи останува на МВР да ги пронајде крадците и нивниот плен.
Министерството за образование при доделувањето на копмпјутерите склучува договор со општината и училиштето, тие ги добиваат компјутерите без било каков надомест и понатаму се надлежни да обезбедат содветни мерки за заштита на компјутерите од кражба, ни објаснија од министерството.
Оттука, велат тие, општините и училиштата се надлежни да ја надоместат и штетата.
Бидејќи голем дел од училиштата не можат да обезбедат сигурносни камери или да платат Агенции за обезбедување, компјутерите како и другата опрема во објектите станува лесен плен за крадците.
Додека владата одамна го прогласи за спроведен и успешен проктот “Компјутер за секое дете“, само дел од учениците имаат соодветно компјутерско образование, бидејќи ниту општините, ниту училиштата можат да ја надоместат штетата по кражбата.
ОД СВР Скопје, за НОВА велат, дека успеваат да расчистат над 50 проценти од ваквите кражби, кога пронајдените компјутери повторно биваат вратени во улиштата, а против сторителите се поднесуваат кривични пријави за тешка кражба.




