Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комплетна реконструкција во редовите на МВР – прва обврска на следната Влада

0
By Нова ТВ on June 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 22, 2015 10:46


Полицијата во Македонија е оневозможена самостојно и автономно да работи, се врши терор и заплашување, а принципот на забрана за полицијата во политичката битка е клучниот принцип по кој треба да се води идната власт. Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат полициските безбедносни сили во земјава, а за кои во антивладиниот камп пред Влада зборуваа професорката и потпретседателка на СДСМ – Фросина Ременски, Дивна Змејковска, активистка за работнички права (Конференција на независни синдикати на РМ) и Гоце Делчев, претседател на независен синдикат на полицијата.

Дискусијата се одвиваше со наслов „ Правата на полицајците – гаранција за нашата безбедност“ а на почетокот, претседателот на независниот синдикат на полицијата – Гоце Делчев истакна неколку од проблемите со кои се соочуваат овие работници.

-Пострашнод она што денеска ни се случува во полицијата и армијата нема. Пред да дојдам тука многумина ме молеа да пренесам се повеќе за немањето чизми, опрема, возила, немање на основни средства за работа за вас да ве одбраниме. Не смеам да лажам и да се кријам зад пишани документи како тоа што го правеше екс министерката Јанулоска, како тоа што го прави уште неколку месеци човекот кој со месеци не лаже и манипулира, и се она што го направија во редовите на МВР е предмет кој наредната Влада ќе има сериозна обврска за комплетна реконструкија со многу нешта.

Не верувам дека кој било од вработените би седнал тука и би зборувал за тоа во каква состојба е полицијата иако и во редовите на МВР веќе ни е јасно дека работата е завршена, вели Делчев.

Според Дивна Змејковска, активистка за работнички права (Конференција на независни синдикати на РМ) полициските работници се под постојан терор.

-Се врши заплашување и терор врз полициските работници. Според Законот за работни односи има право на синдикална организираност, меѓутоа кај нас не смее, а нема кој да каже зошто не се регистрира тоа. Ние немаме социјален дијалог, ние имаме монолог. Не можеме да ги регистрираме синдикатите, а не знаеме зошто, вели Змејковска.

Потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски напомена дека не треба да паднат жртви од редовите на полицијата за да се покаже поддршката за безбедносните сили, туку напротив таа треба да биде континуирана задача на сите власти.

– Од независниот полициски синдикат сигурно нема да врачат плакета за благодарност на работодавачот, бидејќи природно е Синдикатот секогаш да му пркоси на работадавачот и да ги бара правата на работниците, наспроти да промовира владини политики за 2017 година во кои ќе се најави покачување на плата од 20 отсто. Тоа се случува во македонскиот полициски синдикат, наспроти се она што треба да биде заложба за реалните права на полициските службеници од кои зависи нашата безбедност.

Онаа клучна компонента за која ние се залагаме е тие полицајци професионално да си ја вршат својата должност, притоа не стравувајќи дека заради своето професионално постапување ќе бидат несоодветно третирани од страна на врвот на МВР како што се случува.

Ние ги разбираме овие проблеми на полициските службеници и се солидализираме со нивната грижа и напор, барем да ги остават недопрени своите професионални вредности кои ќе бидат клучни за возобновување на оној систем кој нас ни е потребен, систем во кој секој ќе одговара за злоделата, а секој ќе биде награден за она што ќе го сработи, а ќе биде по закон.

Мора да се обезбеди принципот на самостојност во работата на полицијата. И покрај тоа што полицијата е дел од извршната власт, тоа не значи дека полицијата не треба да застане на патот на власт која е длабоко навлезена во криминал. Таа самостојност мора да и биде гарантирана на полицијата. Немешање во самостојноста на водењето на нејзините работи и активности.

Ако гледаме тоа што денеска ни се случува да не ни е чудо зошто вака огромен криминал и поминал пред нос на полицијата, затоа што секој кој се обидел да напише службена белешка, да поднесе кривична пријава против вака високо рангирани функционери во власта, верувајте завршил некаде далеку и од своето семејство и од своите колеги кој што до вчера ги имал во своето опкружување. Со мобинг, со притисоци, со се она што значи закана за работното место.

Принципот на забрана за полицијата во политичката битка е клучниот принцип на кој се залагаме и на крајот -департизација на полицијата!, рече Ременски.

Со вчерашната дискусија заврши програмата и за 36 ден откако е поставен Кампот на слободата во кој секоја вечер се организираат дебати и дискусии за проблемите во одредени сектори во државата, но и предлози за нивно подобрување во иднина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.