Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

0
By Zoran Ivanov on October 30, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска , предупредувајќи дека градот е пред „алармантна состојба“ со одржувањето на хигиената.

Во дописот, Управниот одбор информира дека претпријатието е речиси пред целосен прекин на работата, бидејќи резервите на нафта за возилата за собирање отпад се при крај.

За ваше запознавање, во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д.директор, се вели во ургенцијата.

Управниот одбор директно ја посочува одговорноста кај градоначалничката Арсовска, бидејќи претпријатието нема назначен в.д. директор кој може да ја потпише неопходната набавка.

Доколку во најкус можен рок не назначите в.д.директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е ВАША, децидно стои во писмото.

Одборот ја потсетува Арсовска дека, „спротивно на нејзините тврдења“ , ингеренциите за назначување и разрешување на директори на претпријатието ги има „исклучиво“ таа. Тие се повикуваат на членот 24 од Законот за јавните претпријатија и членот 40 од Статутот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, кои ѝ даваат овластување да именува в.д. директор, особено кога состојбата во претпријатието „ИТНО го налага тоа“.

Во дописот, УО ја потсетува градоначалничката и дека „во текот на изминатите четири години токму ВИЕ именувавте пет в.д.директори на ЈП Комунална хигиена-Скопје и разрешивте четири од нив“.

Управниот одбор бара од Арсовска „ИТНО да назначи нов в.д.директор“ кој ќе раководи со претпријатието, со цел да се овозможи неговата примарна дејност и да се заштити животната средина и јавното здравје.

 

 

 

Арсовска комунална писмо УО Хигиена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.