Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комунална хигиена: Решаваме вековен проблем со трампата на имотот

0
By Нова ТВ on August 24, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 24, 2016 14:21

По скандалот кој го откри НОВА за намерата на јавното претпријатие Комунална хигиена да направи размена на деловни простории со фирмата Унитајарс Стил Импекс, денеска со прес конференција се огласи раководството на градското претпријатие.

Главен збор имаше директорот Ракип Дочи, а беше опкружен со ресорни директори, претседателката на Управниот одбор и претставници од синдикатот. Требаше да се стекне впечаток на единство. Просториите во коишто течеше конференција во најатрактивниот дел на Скопје, улицата Македонија  во центарот, се дел од размената помеѓу ЈП Комунална хигиена и оваа приватна компанија. Доколку Советот на град Скопје ја изгласа оваа зделка, во нив ќе се всели сопственикот на Унијатарс, Славе Распашковски.

14111678_10209729736296129_1423039602_n
Еден од објектите на улуца Македонија кои ќе му бидат отстапени на Распашковски

Директорот на новинарите им се обрати со зборовите „голема чест ми е да најавам еден голем проект на Комунална хигиена со кој после 110 години трајно ќе се реши просторниот проблем на претпријатието“.

ЈП Комунална хигиена поседува простории, и тоа на многу атрактивни локации во центарот на Скопје. Но, според директорот, оваа размена била „одлична зделка и финансиски оправдана“.

За размената на деловен простор имало оглас во весник, а на него се јавил единствено Славе Распашковски со неговата фирма Унитајарс.

Според договорот, Комунална хигиена на Распашковски му дава деловни простории во центарот на Скопје, а тој за возврат им ја отстапува поранешната зграда на Санос, во кругот на фабриката ФАС 11 октомври.

Според извори на НОВА, огласот бил стокмен за да го добие токму фирмата на Распашковски. Главен критериум бил деловниот простор да биде во близина на базата за возила на Комунална хигиена. А таа се наоѓа во кругот на ФАС 11 октомври, на земјиште кое е сопственост на Распашковски и за што јавното претпријатие му плаќа кирија секој месец.

image_1394619432_95

На прашањата на НОВАТВ за базата и киријата, директорот Ракип Дочи прво велеше дека не може да се сети кому му плаќаат кирија. Потоа, со асистенција од колегите, се присети.

„Сега не можам точно да ви кажам, некаде над 10.000 евра.“

Но, на инсистирање на НОВА, потоа одговори.

„На истата фирма (Унитајарс) и плаќаме 12.000 евра месечно.“, рече Дочи

Според оваа математика, Распашковски за 4 години досега добил вкупно 576.000 евра за кирија, и ќе продолжи да добива, затоа што Комунална хигиена и натаму ќе му биде кираџија и ќе ги чува возилата на имотот на газдата на Унитајарс. Бизнисменот Распашковски освен парите од кирија ќе добие и 3.377.000 евра од Комунална хигиена, како разлика меѓу проценетата вредност на неговата фирма и имотот на јавното претпријатие.

„Разликата ќе се плати на 24 еднакви рати, без камата и без да се задолжи јавното претпријатие. Со тоа што капиталот на Комунална хигиена ќе се  зголеми за 5 милиони евра“, изјави директорот Дочи.

На прашањето дали Комунална хигиена има и други деловни простории во Скопје, директорот рече дека имаат и во други општини. Но, решиле да ги дадат токму најатрактивните, затоа што како рече „само за нив се направила проценка од Бирото за судски вештачења“. Оправдувањето на претпријатието за оваа зделка е дека ним им биле потребни „простории на едно централно место, а досега биле со служби на повеќе локации“.

Комплекс Александрија Комунална хигиена Комунална хигиена. ФАС 11 октомври Ракип Дочи Славе Распашковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.