НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комунална збирштина глумеше Тиенанмен

0
By Ана Василевска on July 11, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ
Слободанка Јовановска
Слободанка Јовановска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА

Партија вчера објави војна на државата. И тоа не една, туку повеќе. Си ги мереа силите и се пресметуваа преку собирањето ѓубре, покажувајќи до кое дно се стигнати во практикувањето на моќта и  разбирањето на демократијата. Збирштина од партиски кадри, меѓу кои и провокатори надвор од скопска „Комунална хигиена“ лежеа пред влезот на јавното претпријатие божем се на Тиенанмен и се борат против репресија и за слобода.

Нив, пак, ги поддржа Сојузот на синдикатите на Македонија, кој се претвора во скандалозна работничка организација која не штити права туку неработење, протест против јавен интерес, партиски насилници и политиканство. На крајот се појавија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои, од страв дека Горан Герасимовски од Центар ќе им ја земе славата и ќе им ја прекине забавата, се фатија за метла и ги преплавија со пи-ар медиумите.

Па, излезе лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски, со апел да се надминат недоразбирањата и сите да се вклучат во решавањето на ситуацијата, иако од месечината се гледаше партискиот печат на ВМРО-ДПМНЕ на овој циркус насочен против Данела Арсовска.

И така, сапунската опера траеше сѐ додека Оливер Спасовски не реши да ги растера борците за права од комуналниот Тиенанмен и да приведе неколкумина, а Јавното обвинителство да отвори истрага за загрозувањето на јавното здравје. Невидливи останаа само ДУИ чија креација очигледно е ова монструм јавно претпријатие во кое владее самоволие и кое очигледно им служело со децении да ги вработуваат своите партиски членови, кои еден момент загубиле чувство кај се и што се, па се однесуваат како да им е лична сопственост дадена на злоупотребување.

Партијата, и тоа не една, вчера покажа дека ја ставила на нишан државата и дека малку им е тоа што ги наполниле претпријатијата и институциите со кадри кои не си ги исполнуваат обврските а земаат плата, туку сакаат да ги поседуваат и нив самите, претворајќи ги во партиски дувла преку кои ја контролираат државата.

Само тоа го објаснува вчерашното претепување на вработен од „Комунална хигиена“ кој се дрзнал, место да протестира, да си ја заврши работата за тој ден. Само тоа го објаснува молкот на ДУИ и на двата негови градоначалници од Сарај и од Чаир, како кај нив да нема проблем со собирањето ѓубре. Само тоа го објаснува застрашувачкото самоорганизирање на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за два часа за да  го исчистат Скопје откако нивни структури (пред се ССМ) направија хаос во „Комунална хигиена“ покажувајќи на најдиректен начин дека се партија поорганизирана од државата, дека државата сакаат да ја претворат во партија и дека тие ќе решаваат кога ќе се расфрла ѓубре, а кога ќе се расчистува, а граѓаните за тоа ќе плаќаат. Само тоа го објаснува и фактот што Данела Арсовска им ја затвори вратата на „Дрисла“ за да не можат да фрлат ѓубре и да се сликаат како го исчистиле Скопје, бидејќи пи-арот е поважен од тоа како функционира Скопје.

Тоа што 50 луѓе во име на некаква демократија и синдикални права (биле понижени од директорката!) си дозволија анархија и дрско и ги спореа овластувањата, сепак беше највознемирувачкиот момент во оваа сапунска серија во „Комунална хигиена“. Тоа беше слика на една повампирена јавна администрација која се користи со сите средства, дозволени и недозволени, за да заштити личен интерес, која се става над законите и ингеренциите на раководството, која рекетира со безобразни барања како тоа за бенефициран стаж, која е толку занесена во својата улога како партиска гласачка машинерија што мисли дека само господ е над неа.

Таа административна ламја, собрана според политичка а не професионална селекција, сега си игра со државата, па и со партиите што ја гоеја досега, барајќи со недозволени притисоци екстремна заштита за вработувањата и привилегиите. Единствено што покажаа всушност со протестот вработените, невработените и неработниците во „Комунална хигиена“  е дека станува збор за заробено претпријатие од партиски или мафијашки структури кои се борат за статус-кво позиција не водејќи сметка ни за основната вредност на ова претпријатие – да го држи градот чист од отпад. Тие покажаа зошто всушсност „Комунална хигиена“ нема механизација и не си ја врши работата за која е платена и дека само багер (како што наводно се изразил Коце Трајановски додека беше градоначалник) може да ја расчисти одвнатре. Протестот, исто така, покажа дека Државниот завод за ревизија треба да под итно да почне со ревизија на вработувањата во јавната администрација бидејќи, ако макар и приближно се слични состојбите во другите јавни претпријатија – на Македонија ѝ нема спас до шестто колено.

Партијата вчера сепак не успеја да ја победи државата. Камионите излегоа да го собираат ѓубрето, а вработениот што се фатил за метла и беше натепан треба да добие зголемување на личниот доход, како признание за посветеност и одговорност и како добар пример. Јавното обвинителство треба да покрене кривични пријави за сите што го загрозија јавното здравје и ја посрамија државата пред туристите што во огромен број доаѓаат кај нас, а не организираме „ѓубре туризам“. МВР прати порака дека ваквите драми по јавните претпријатија ќе се расчистуваат со интервенција на полицијата и дека пи-арот кратко ќе трае и на штета на тие што го организираат. Владата, пак, треба да ја преразгледа законската регулатива која ги направи заштитени како мечки вработените во јавната администрација и да им ги изедначи правата со тие во јавниот сектор.

Притоа, барањето да се подели механизацијата на „Комунална хигиена“ на општините, а таа да се укине нема смисла, бидејќи тогаш ќе имаме циркуси со „комунални хигиени“ во повеќе општини во Скопје. Дури не е ни проблем ако 40 членови на семејството Дарлишта работат во ова претпријатије ако навистина работат, но во спротивно треба да им се врачат откази. И по сите овие циркузи едно прашање останува несфатливо  – зар е толку тешко да се донесе регулатива ѓубрето во градот да се фрла исклучиво во кеси наменети за ваков отпад и затворено, за да не се шири барем смрдеа кога ќе се случи партиско дивеење во претпријатието?

Извор: Независен.мк

ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска ЈП „Комунална хигиена“ Слободанка Јовановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.