Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коњановски градел бунгалови со бетон измешан со дрво, наследникот Бесими не пријавил-пропаднале 315.000 евра

0
By Нова ТВ on November 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 2, 2019 11:33

Пишува Љубиша Арсиќ

Министерството за одбрана потрошило 315.000 евра за изградба на туристички бунгалови во автокампот Свети Наум во Охрид, а на терен не функционира ниту еден од осумте планирани. Имено, неколкуте карабини кои се изградиле и се оставени да пропаѓаат седма година по ред, се изградени од
неквалитетен материјал и не ги исполнуваат стандардите за таков тип бунгалови. Во врска со ненаменски потрошените пари, за кои постојат сомнежи дека е можно дел да завршиле и на приватни сметки, што уште се проверува, Јавното обвинителство во Охрид пред неколку месеци поднело кривична пријава против петмина.

Прв на листата е поранешниот министер за одбрана, Зоран Коњановски во чие време започнала целата операција, истовремено со најавата за проектот „АРМ мој вистински дом“ што се претвори во фарса, а наводно требаше да се обезбедат станови за армиските старешини. И ова со кампот во Свети Наум е вистинско промашување и за разлика од скандалот со становите кои никогаш не видоа ни темел, во случајот со бунгаловите постои штета по државната каса и токму затоа обвинителството судски ги гони и екс министерот за одбрана Фатмир Бесими, екс државниот секретар во министерството, Петар Есмеров и уште двајца вработени во секторот за недвижнини.

Фото: eucom.mil

Сега се очекува старт на судски процес во кој четворица ќе одговараат за бесправна градба, додека Бесими е пријавен за непријавување кривично дело. Детали од кривичната пријава не сака да открие никој затоа што информациите за случајот се класифицирани како доверливи.

Изградбата започнала без одобрение за градба 

Како откривме дека има кривична пријава за двајца поранешни министри, еден на ВМРО ДПМНЕ, другиот на ДУИ и тројца нивни соработници? – Голем дел од досието за случајот со бунгаловите се класифицирани и тешко е да се добијат, а забрането е да се изнесуваат детали, но потрагата нè однесе до други документи кои не се класифицирани, а од кои може да се извлече заклучок што се случувало
на терен и како во периодот од 2009 година до 2011 година наместо да се гради според планот, се импровизирало, на крај останале само руини.

Имено, постојат договори на Министерството за одбрана со неколку градежни фирми, секоја од нив имала своја задача во проектот и сите имале договори на различни износи, но вкупната сума е околу 19 милиони денари. Градежните фирми имале задача да изградат осум бунгалови во состав на воениот камп кај Свети Наум. Договори биле склучени со „Вурдформ“, „Тргошпед“ и „Компанија Велковски“ во врска со инсталациите, водоводната мрежа, градбите и сето останато за комплетен туристички центар.

Она што на почеток го прави случајот сомнителен е дека изградбата на бунгаловите започнала без неопходната документација и без основното одобрение за градба. Сепак и покрај непоседувањето документ, била формирана комисија која изработила упатство и работите на терен започнале. На
почетокот, иако без документи за градба, сепак изгледало дека бунгаловите ќе се изградат брзо и дека во нив ќе може да престојуваат старешини од војската. Во текот на месеците додека имало градежни активности се префрлале државни пари на сметки на фирмите, а тие не прекинувале со градењето. Чуден останува фактот зошто при изведбата на работите биле ангажирани и припадници на армијата кои секојдневно оделе да работат физичка работа, иако министерството имало договори со фирмите изведувачи и по логика тоа би требало да е нивна обврска.

Член на работна група алармирал дека има пропусти во градењето

Како се открива ујдурмата на раководството на Министерството за одбрана и што практично било погрешно направено за бунгаловите сега да пропаѓаат кога, освен потребната документација, се друго изгледало вообичаено? – Државниот советник за недвижности и правни работи во Министерството за одбрана, Петар Богојески, познат во јавноста како дел од крилото реформатори во ВМРО ДПМНЕ, инаку дел од работната група за спроведување на проектот, пријавил во министерството дека е неопходно да се изврши инспекциски надзор врз петте договори кои одбрана ги потпишала со трите компании ангажирани на проектот.

Во неговиот допис се наведува дека треба да се изврши проверка на законитоста на процедурите за склучување договори, односно дали нарачката и приемот на материјалите е во ред, дали материјалите кои се вградени во објектите се според пропишаната количина и вредност и дали извршената исплата се остварувала на законит начин. Уште тогаш, во тој допис од септември во 2011 година, државниот советник изразил сомнеж дека постојат пропусти и бара да се утврди евентуална одговорност кај
некои вработени. Веднаш потоа, според документот на Заводот за испитување на материјали и развој на нови технологии, издаден исто во септември во 2011 година, се наведува дека бетонот користен при изградба на бунгаловите не е стандарден и има променлив квалитет, исполнет е со дрвени штафни во столбовите што не е дозволено, а армиран е со мрежа која не е според стандардите.

Во извештајот, Заводот за испитување на материјали препорачува да се направи проверка за носивоста на конструктивните елементи. Тука некаде завршува неславниот проект. Откако по сè изгледа било утврдено дека градбите се промашени и нема да ја исполнат намената за која се подигнуваат, единствено што било направено е поставениот импровизиран покрив со намера да се заштити и тоа што е изградено, но со оглед дека седум години не е преземено ништо бунгаловите скапуваат, а парите се потрошиле.

Зошто се користеле несоодветни материјали и со тоа се ризикувало пропаѓање на проектот, повиканите на одговорност ќе имаат прилика да му објаснат на судот. Постојат и други записници од надзорни органи, но се во делот на класифицирани информации. По алармот на Богојески дека непрописно се гради изгледа започнува неговото деградирање, а сите следни министри во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ замолчувале пред упропастениот проект и залудно потрошените пари.

Незнаење или крадење?

Со овој проект уште еднаш се покажува недомаќинското работење на државните функционери. Коњановски и неговиот наследник Јолевски со години го користеа проектот „АРМ мој вистински дом“ за манипулација за изборни гласови. ВМРО ДПМНЕ го нотираше проектот во неколку изборни програми, но во касарната „Илинден“, каде што беше наводно планирано да се изградат станбени објекти, останаа само дупки. Таму не беше фрлена ниту една лопата. Излажани останаа стотина старешини кои се надеваа на дом.

Во воениот камп, пак, кај Свети Наум, Коњановски тргнал во градежна авантура и го упропастил проектот. Неговиот наследник Бесими, иако бил известен за случајот, сепак, најверојатно нема преземено ништо и затоа одговара за непријавување на кривично дело. Сега ситуацијата на терен е очајна. Во кругот на кампот не смее да се влезе затоа што е под надзор на војската, но од она што може да се види однадвор неколкуте изградени објекти поблиску се до распаѓање отколку до функционалност.

Во еден дел од дворот се сместени бунгаловите, додека во другиот има камп приколки кои најчесто во текот на летото се користат од семејствата на загинатите војници во 2001 година. Инаку, според местоположбата овој камп е солидно место за летен одмор и затоа порано бил многу експлоатиран од вработените во одбраната и армијата, за разлика од денес кога само во апартмантскиот дел од кампот можат да престојуваат исклучиво старешини на АРМ.

Извори од Министерството за одбрана пренесуваат дека постојат и други воени објекти за кои постоеле проекти за реновирање и изградба, но дека речиси ниту еден не успеал, дали од неспособност, незнаење или имало други интереси ќе се знае понатаму, ако воопшто некогаш се дознае и ако воопшто се санкционираат сторителите.

Бунгалови Зоран Коњановски камп Свети Наум Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.