На програмата на фестивалот Охридско лето, вечерва, е настапот на рускиот виолинист Сергеј Малов, еден од ретките изведувачи на инструментот Виолончело Da Spalla.
– По моето студирање на виола, на интернет открив дека може да се оствари мојот сон- да свирам на основата, виолончело Де Спала. Стапив во контакт со произведувачот на овој инструмент, се сретнав и веднаш се заљубив во инструментот кој беше направен за мене. Немав намера да направам од тоа богата кариера, но бев воодушевен од иснтрументот, изјави Малов.
На концертот кој ќе започне во 21 часот во црквата Св. Софија рускиот виолинист ќе изведе дела од Бах и Барток.
Малов настапува со водечките европски оркестри меѓу кои Оркестарот на Баварското радио, Филхармониите во Лондон, Москва и Санкт-Петербург, како и со познатите светски музичари-изведувачи. Особено ја цени креативната соработка со современите композитори, меѓу кои Гијом Конесон и Кристоф Еренфелнер кој му го посветил на Малов неговиот солистички двоен концерт за виолина и виола Hommage à St. Petersburg.