Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кондарко: Гласањето тече во најдобар ред, до девет часот одѕивот 2,88 проценти

0
By Zoran Ivanov on November 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 2, 2025 11:09

Одѕивот на вториот круг од локалните избори до 9  часот е 2,88 отсто, а гласале 22 379 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко.

– Гласачките места се навреме и уредно отворени, гласањето тече во најдобар ред. Постапката се одвива уредно, немаме никаков проблем досега со изборниот материјал ниту со постапувањето на избирачките одбори, рече Кондарко на прес-конференција.

На ниво на град Скопје за избор на градоначалник одѕивот е 2,46.  По општини, до 9 часот најголема е излезеноста во Пробиштип 9,5, по што следуваат Лозово 8,36, Ранковце 8,12, Демир Капија 7,16, Дојран 6,78, Росоман 6,28, Зрновци 5,67, Брвеница 5,33, Чучер Сандево 5,32, Македонска Каменица 5,01, Македонски Брод 4,97,  Дебарца 4,63, Неготино 4,52, Валандово 4,46, Могила 4,39, Долнени 3,87,  Кочани 3,13, Тетово 2,51, Студеничани 2,26, Куманово 2,13, Боговиње 1,83,  Дебар 1,45 отсто.

Во скопските општини излезеноста во Кисела Вода изнесува 3,54, Карпош  3,08, Аеродром 2,78, Центар 2,84, Бутел 2,50 , Ѓорче Петров 2,42, Гази Баба 2,26, Шуто Оризари 1,6, Чаир 1,1 и Сарај 0,72 отсто.

Кондарко соопшти дека во Дојран на избирачкото место 0385 поради технички проблем со смарт картица на уред за биометриска идентификација имало мал застој, но проблемот е решен и гласањето тече непрекинато.

На новинарско прашање, дали има пријави за нарушување на изборниот молк рече дека официјална претставка не е пристигната, но бидејќи е изборен молк и ДИК мора да внимава што зборува  во тек на молкот по завршување на гласањето ќе ги соопшти сознанијата и законските можности што и стојат на располагање за евентуално постапување.

Кондарко најави дека во текот на денов ДИК ќе посети определени избирачки места и општински изборни комисии по сопствена проценка  и без претходна најава со цел да го набљудува текот на изборите. И по 19 часот тимови на ДИК ненајавено ќе бидат на определени места каде ќе го набљудуваат и броењето на  гласовите, со цел поголема транспарентност и увид во работата.

 

Останува препораката на ДИК дека на процесот на броење може да биде присутен целокупниот состав на избирачкиот одбор.

– ДИК и во текот на денов е во постојана комуникација со Комисијата за следење на изборниот процес од Јавното обвиителство од превентивни причини ако  има каква било потреба уште во текот на гласањето или броењето ќе го известуваат. ДИК ќе го достави и доверливиот изборен материјал доколку се јави потреба.

Како што соопшти претседателот на ДИК, вчера од вкупно пријавени 4826 болни и немоќни  гласале 3327, во затворите 588 од 1256 пријавени, а во старските домови од 214 гласале 125 лица. Резултатите ќе се бројат денеска по завршувањето на гласањето во останатите избирачки места.

 

Во вториот круг на локалните избори денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје на 1771 избирачки места. До 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 013 375 гласачи, меѓу кои и 474 304 избирачи во Градот Скопје.

Следната прес-конференија на ДИК е во 11:30 часот. Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот, а ококу 23 часот ќе се одржи прес-конференција.

 

кондарко локални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.