Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Конечноста на Преспанскиот договор – зошто се „руши” стратешкото партнерство со Грција и нашето членство во Обединетите нации?

0
By Zoran Ivanov on December 26, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 26, 2025 16:40

И кога е така, како што велат фактите, чие постоење го определува нашето постоење во меѓународниот правен поредок, што е всушност и единствениот начин на постоење како држава; факти кои велат дека Преспанскиот договор е конечна спогодба, чии “одредби се неотповикливи”, затоа што го означуваат нашето членство во Обединетите Нации; и дополнително градат “стратешко партнерство” меѓу нас и Грција; како да се третираат сите форми на партиски, политички и медиумски манипулации и спинови за “раскинување на Преспанскиот договор”? Која е таа политичка (не)свесност што може да “игра” со меѓународното и фактичко постоење на државата? Кој е тој популизам што може да оправда деструктивност од овие размери?

Никица Корубин

Преспанскиот договор, наречен според локацијата на неговото потпишување во малото погранично место Псарадес (Нивици), всушност е актот на нашето конечно етаблирање и позиционирање како независна држава во меѓународниот правен поредок, односно комплетирање и дефинирање на нашето членство во Обединетите Нации. Членство, кое фактички и симболички, со целата гео-политичка и цивилизациска криза со која се соочува светот; е реперот за државност и суштинско правно и политичко постоење во светот.

Токму затоа, “билатералниот спор” со Грција “за името”, никогаш и не беше билатерален, а уште помалку (само) за името; туку дозвола за влез на новата држава, произлезена од распадот на СФРЈ на меѓународната политичка сцена. И затоа името на договорот е одраз на суштината на проблемот, таков каков што постоеше до неговото финализирање во 2018 година, секаде во светот, освен во наративот на нашата политичка и медиумска јавност: “КОНЕЧНА СПОГОДБА ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ОПИШАНИ ВО РЕЗОЛУЦИИТЕ 817 (1993) И 845 (1993) НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ, ЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА ОД 1995 г. И ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ СТРАНИТЕ”.

Спор произлезен од моментот на нашето барање за членство во Обединетите Нации (резолуциите 817 и 845 од 1993 година), формулирано во Времената спогодба (времена формулација БЈРМ за нас до конечното решавање во предвиден рок од 7 години); трајно формулирана 23 години подоцна во КОНЕЧНА СПОГОДБА. Завршни одредби, член 20: “9. Одредбите од оваа спогодба остануваат во сила за неопределен период и се неотповикливи. Не се дозволени никакви измени на одредбите од член 1, став (3) и став (4) од оваа спогодба.” Член 1, став 3 вели: “Официјалното име на Втората страна ќе биде „Република Северна Македонија“, што ќе претставува уставно име на Втората страна и ќе се употребува erga omnes, како што е предвидено во оваа спогодба. Скратеното име на Втората страна ќе биде „Северна Македонија“.

И кога е така, како што велат фактите, чие постоење го определува нашето постоење во меѓународниот правен поредок, што е всушност и единствениот начин на постоење како држава; факти кои велат дека Преспанскиот договор е конечна спогодба, чии “одредби се неотповикливи”, затоа што го означуваат нашето членство во Обединетите Нации; и дополнително градат “стратешко партнерство” меѓу нас и Грција; како да се третираат сите форми на партиски, политички и медиумски манипулации и спинови за “раскинување на Преспанскиот договор”? Која е таа политичка (не)свесност што може да “игра” со меѓународното и фактичко постоење на државата? Кој е тој популизам што може да оправда деструктивност од овие размери?

Грција е НАТО партнерот што де-факто го чува нашето небо. Грција е стратешкиот економски партнер, во однос на инвестициите кај нас и нивната природа; но и во однос на зависноста и потребата од солунското пристаниште. Грција е стратешкиот партнер, со која заедно со Бугарија ја делиме географската и историската област Македонија. Грција и особено Солун кој е економскиот, културниот и туристичкиот центар кон кој гравитираат и граѓаните, и економијата, и културата и обичаите. Грција е државата и земјата, која со овој договор (слично како и Бугарија со Договорот за пријателство и добрососедство) го гарантира постоењето на нашата современа држава и нејзините граѓани со нивниот идентитет, произлезена од сложени историски и политички околности.

И кој е тој “интерес” што го оспорува сето ова? И кој е тој “интерес” каде БЈРМ е подобра опција од Северна Македонија (патем речено историска референца и реминисценција а пропо “вековниот идентитет”)? И кој е тој “интерес” каде природните (вековни) врски, и заедничка и споделена историја, во која сме биле активни креатори, а не пасивни посматрачи од маргините на источно-медитеранските цивилизации; се претставува како “проблем” и “загрозување на идентиетот”?

И затоа секое целно таргетирање на ова партнерство, со знаење или без него, презентирано на најразлични начини, кои варираат – од кампања на интернет страни за квази промовирање на “македонизмот” и таргетирање на грчки веб страни; преку ширење на дефетизам и анти-грчка пропаганда; преку таргетирање на екслузивно, грчки компании и бизниси кај нас (зад праванот за заштита на животната средина); до негирање и дезавуриаање на сопствениот устав и компромитирање и на името на државата и на рационалната и научна дебата за историјата – е всушност проблематизирање на самата држава, која е “извадена” надвор од сферата на пост-југословенското влијание и “вратена” на изворната припадност кон источно-медитеранскиот културен комплекс. Или како што би рекла новата национална стратегија на САД: “народите на Јужна Европа”.

Првото историско споменување на Македонија е во “Историјата” на Херодот, во 5-от век п.не. Македонците ги споменува, тогаш кога за прв пат ги споменува и Дорците (дел од Хелените). Иако, етносите на нашата денешна територија се и постари од Херодот и одат, во пишани извори се’ до Хомер; всушност нашата територија и култура, од тогаш, па се’ до 20-от век е нераскинлив дел од источно-медитеранскиот културен комплекс, во различни политички форми.

Па, каде припаѓаме тогаш, во “заедничката и споделена историја” во “текот на овие 2.500 години и повеќе” или “во 100-те години” од 20 век? Знаеме каде сме со стратешките договори со Грција (и договорот за пријателство со Бугарија); ама секако е “неизвесно”каде сакаат да бидеме во рамките на “100 години”. И ние Македонците, а секако и сограѓаните Албанци, кои секако знаат, подобро од нас, каде историски припаѓаат. Перцепцијата може да се манипулаира, историјата никогаш. Особено онаа, базирана на факти.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колуимна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.