Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коневски го повикува Мицкоски на отчет и бара свикување на вонреден Конгрес

0
By Нова ТВ on December 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Чесно е Христијан Мицкоски конечно да свика вонреден Конгрес на кои ќе ги погледне во очи луѓето кои пред три години му ја дадоа довербата да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да даде отчет за сработеното.

Ова го изјави поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио „Канал77“. Тој е дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден Конрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Коневски посочи дека Иницијативниот одбор има единствена цел, а тоа е да ги натера Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се соочат со делегатите на партијата, кои сепак ќе го имаат крајниот збор за тоа кој ќе застане на чело на најголемата опозициска партија во земјава.

„После сите премрежија изминатите три години низ кои помина новото раководство, оние порази кои ги доживеа и на локални и на претседателски избори и порази на последните парламентарни избори, мислам дека членовите кои го бираа претседателот Мицкоски заслужија тој да даде отчет пред нив, затоа што сепак мислам дека тие се најзаслужни за тоа што тој е претседател на партијата и согласно статутот Конгресот е највисок орган на партијата. Тој треба да даде образложение за сите оние изборни резултати кои што ги имавме во овие изборни циклуси“, изјави Коневски.

Тој додаде дека „Иницијативниот одбор искрено верува дека дека може да дојде до вонреден Конгрес. Има и доволно време да преовладее разумот кај актуелното раководство. Мислам дека нивните функции не треба да бидат поважни од успехот на партијата. Во секоја демократска партија, во секоја демократска држава, после толку изборни порази се дава отчет пред Конгресот кој е највисок орган на партијата и се дискутира за изборните порази“.

„Иницијативниот одбор не дискутира и не зазема ставови по други политички теми, а во однос на обвинувањата дека со нашето дејствување му помагаме на премиерот Зораз Заев, можам да кажам дека единствен кој ја одржува неговата Влада на чело на државата е Христијан Мицкоски. Тој не може да ја предводи опозицијата, а тоа го покажаа и последните протести. Членството не го поддржува и нема намера да излегува на протести. Тој нема кредибилитет ниту кај неопределените граѓани, ниту кај членовите на партијата. Тоа може да се види по сите анкети. Ако партијата има одреден рејтинг, тој има 3 до 4 пати понизок рејтинг од самата партија, а дупло понизок рејтинг од Зоран Заев“, изјави Коневски.

„Не може таков човек да ја предводи опозицијата и да ја победи оваа власт“, заклучи Коневски во своето гостување во емисијата „Стадион“.

извор: независен.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.