Поголема група граѓани меѓу кои и советници од општина Карпош во моментов се собираат пред Уставниот суд, при што на предната и на задната страна од објектот поставуваат шатори.
Како што вчера најави градоначалникот Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски причина за денешниот собир е со цел да им дадат поддршка на уставните судии.
Пристапот до Уставниот суд е забранет и присутно е поголемо полициско обезбедување.

Како што објавија дел од медиумите во текот на вчершниот ден владејачката партија преку СМС пораки барала од членството задолжително да присуствува на денешниот протест, а доколку некој не се појави, подоцна ќе се бара отчет.
Реакција од ВМРО ДПМНЕ на вавките написи се уште нема, а протестот иако беше најавен за попладне, граѓаните почнаа да доаѓаат уште сега.
Контрапротестот чиј организатор е ГРОМ беше најавен откако граѓанската платформа АЈде за вечерва во 18 часот најавија нов протест пред Уставниот суд против како што велат неуставното работење на оваа институција.
Протестот ќе почне пред зградата на Владата, ќе продолжи пред Народната канцеларија на претседателот Иванов, потоа пред Собранието и ќе заврши пред Уставниот суд.
Вечерва, како што најавија организаторите, пред Уставниот суд ќе се одржи бдеење над Уставот, а ќе кулминира во среда кога ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување.




