Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контраспин: Евтините трикови на Груевски се со динамитно полнење

0
By Нова ТВ on March 4, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Причините за кризата не беа промена на името и на идентитетот, туку беа наведени во т.н. Извештај на Прибе. Дека е тоа така, потврдува и самиот Груевски, кој ги легитимираше овие причини со тоа што Извештајот, како и планот за Итни реформски приоритети, беа усвоени и на Влада и во Собрание, додека Груевски беше премиер, а ги спомена и лани кога веќе не беше

Пишува: Tеофил Блажевски

Запрашан „за сценарија за кои зборувал и порано“, лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Никола Груевски, на телевизиско интервју во ударен термин ја даде следнава изјава, која ја оценуваме за спин:

Спин: Главната причина за целата операција од некои надворешни центри кон Македонија е промена на името на државата и промена на идентитетот. Претходно слабеење на државата, носење на друга политичка гарнитура, однапред спремна тоа да го направи и потоа, крајна цел е промена на името на Република Македонија, на нејзиното уставно име и се разбира на идентитетот на граѓаните. Тоа е крајната и клучна цел, за целата операција, за се она што ни се случува во претходните две и пол, три години во Македонија. Секундарно е ова што сега го слушаме со двојазичноста, со правење на Македонија бинационална држава. По двојазичноста веројатно ќе следуваат и други работи. Можеби ќе се оди, и веројатно ќе се оди кон федерализација и кантонизација, итн, но клучното заради кое што е започната операцијата, е промената на името…И од она што сум информиран, таа операција се води во четири фази…

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ, веб + Сител (по 3.20 мин.); Датум: 26.02.2017]

 

Kontraspin - foto Vistinomer

Контраспин: Делот од изјавата што го оценуваме како спин на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е извадок од едно подолго телевизиско интервју емитувано во неделата навечер (26.02.2017), а кое се однесува на политичката криза во која се наоѓа Македонија и излезните решенија. Клучна поента на интервјуто на Груевски беше дека постојат надворешни центри(читај непријатели) кои подготвиле план за промена на името и на идентитетот во четири фази (читај, кризата, нелегалното прислушкување, јазикот…), а клучен во одбраната против овој план е народот (кој со тоа речиси директно е повикан на улици за да ги освои/„одбрани“ институциите). И сето ова, бидејќи, како што вели понатаму:

…Станува збор за сериозна операција, станува збор за моќни центри и доколку народот не реагира, политичарите, оние кои што се борат и бранат, нема да можат сами, особено затоа што не се обединети – едни бранат, а други се на другата страна. И само народот е тој кој што може да се вмеша и да ја заврши работата во однос на одбраната (Груевски – од 4.40 мин.)

Вакви зборови, искажани од одговорен политичар во една држава, лидер на голема парламентарна партија која освои над 450 илјади гласови на последните избори, би биле сериозен аларм за секој граѓанин на државата. Но, има еден „мал“ проблем.

Никола Груевски, како политичар и премиер во Македонија цели речиси 11 години, постапува малку поинаку. Доколку навистина постои такавата опасност, а тој ја знаел од порано, Груевски има(л) должност и обврска да ги свика за тоа одговорните органи, да им се обрати на институциите и да ги извести другите фактори во политиката за сите свои сознанија.

Тој требал да им даде задача на Управата за безбедност и контраразузнавање, преку Претседателот и на Агенцијата за разузнавање, да соберат и да документираат докази за постоењето на тој план. Потоа, да свика седница на Влада, потесниот кабинет, па да состават план и контрамерки. За сето ова треба(л) во истовреме и да го извести Претседателот на РМ, па тој да свика седница на Советот за брзбедност, а потоа премиерот и претседателот на државата да им се обратат на пратенциите во Собранието на РМ, на затворена седница ако треба и да ги информираат дека државата е нападната од надвор со реализација на некој опасен пеколен план, чија крајна цел е промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Ете, така постапува одговорен политичар доколку се држи до Уставот и неговите уставни и законски обврски.

Наместо тоа, Никола Груевски, де факто ја запали кризата со исфрлање на пратенициите од Собранието на РМ на 24.12.2012 година, на т.н. Црн понеделник. Потоа, не презеде мерки за надминување на кризата откако по вонредните избори во 2014 година опозицијата ги бојкотираше и не сакаше да влезе во Собранието. Потоа, кога му беше кажано дека опозицијата има снимки од тајно и нелегално снимани разговори, тој се обиде преку полицијата и обвинителството да изгради процес во кој еден од обвинетите беше и лидерот на опозицијата и кој конечно е завршен со повлекување на обвинението. Потоа, откако кризата преку „бомбите“ се разгоре, Груевски влезе во т.н. „Пржински процес“, легитимирајќи го со тоа фактот дека Македонија е во длабока политичка криза.

Причините за кризата, пак, не беа промена на името и план за менување на идентитетот, туку беа наведени во т.н. Извештај на Прибе. Дека е тоа така, потврдува и самиот Груевски кој ги легитимираше овие причини, со тоа што извештајот, како и планот за Итни реформски приоритети беа усвоени и на Влада и во Собрание, додека Груевски беше премиер, но ги спомена и лани кога веќе не беше, а партијата ги споменува и сега, пред ден-два, потврдувајќи дека за нив зборувале во преговорите со ДУИ кога се обидоа да создадат влада (претпоследен пасус).

Тука воопшто нема да се навраќаме во историјата од 2008 г., кога практично во јавноста беше неофицијално потврдено дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се согласиле со промена на името во Република Македонија (Скопје) пред самитот на НАТО во Букурешт, но очигледно, таа согласност за промена не им правела ќеф на Грците, ниту пак, ќе ги споменуваме нелегално снимените разговори од кои се гледа дека и Груевски преговара со Грците за името, а во таа насока бил вклучен и неговиот братучед Сашо Мијалков, ниту, пак, ќе елаборираме дека од ДУИ неколку пати потврдија дека околу проблемот со јазикот немале несогласување во последните преговори со ВМРО-ДПМНЕ, информација која постојано беше демантирана од оваа партија, иако се чини со многу контроверзи во демантите.

Нема потреба сето ова да го елаборираме. Доволно е она што го кажавме погоре, за тоа како постапува одговорен политичар ако има(л) сознанија за планови контра Македонија од странски центри, како постапи Груевски, наместо тоа и како ги легитимираше причините за кризата наведени во Извештајот на Прибе.

Оттука, изјавите во последното интервју, особено изјавата што ја оценуваме, ја сметаме за извртување на вистината или спин. Станува збор за ефтин трик преку замена на тези да се направи последен обид да се сочува власта.

Но, овој ефтин трик има динамитно полнење. Бидејќи со него, практично е повикано на уривање на уставниот поредок („одбрана“ на политичарите и институциите со помош на народот), непризнавање на демократскиот процес за составување влада откако СДСМ обезбеди 67 потписи од пратенци и сè поголема опасност за предизвикување интраетнички, но и интеретнички судири.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.