Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КОНЦЕРТ ПОД СВЕЌИ ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА – Виртуозот на виолина Марио Хосен и „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија!

0
By Marija Todorovska on March 6, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 6, 2024 11:17

Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Македонската филхармонија на  премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, кој ќе  се одржи на 12 април со почеток во 20 часот. 

На концертот како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, чија виртуозност и  волшебно сценско присуство му носат признание на престижните сцени ширум светот. Хосен и  „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ѝ претстават на публиката музичко  патување низ делата на реномираните композитори како Вивалди, Паганини, Холст и Глас. 

– „Продолжуваме со идејата дека камерниот оркестар „Профундис“ ќе биде иновативен, креативен и  модерен. Овој пат со концерт под свеќи којшто во моментот е вистинска атракција во 173 града ширум  светот, а премиерно со овој концерт списокот се проширува и со Скопје. На наше големо задоволство како  солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, кој ќе ги изведе четирите годишни времиња  од Антонио Вивалди, како и виртуозното дело од Никола Паганини – „I Palpiti“ кое многу ретко се изведува  поради специфичната техничка виртуозност и спаѓа во топ 10 најтешки дела за изведба на виолина.  Дополнително на концертот ќе има и праизведба на дело од Филип Глас. Овој концерт е повеќе од обична  изведба – тоа е извонредно искуство на уникатноста на нашите сетила и универзалниот јазик на музиката! “, изјави маестра Дашиќ. 

Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси  престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија,  Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство,  стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи  и авторитети за изведување на музиката на Паганини. 

Инаку, концептот на „Candlelight“ – концерт под свеќи е светски познат тренд кој за првпат ќе биде поставен на сцена пред македонската публика. Музичките критичари го опишуваат како уникатно искуство каде  традиционалниот концертен амбиент се трансформира во хипнотизирачка музичка симбиоза облеана во  топлиот сјај на свеќите. Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и  изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство. 

Влезниците за ова премиерно концертно доживување се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс во државата или онлајн на следниот линк. 

Концерт под свеќи Марио Хосен Профундис Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.