Денеска со почеток во 11 часот, во Универзалната сала, ќе се одржи Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија.
До ВМРО-ДПМНЕ кандидатури доставија Божидар Ночев, магистер на науки, Ѓорѓе Иванов, професорот Јове Кекеновски, како и адвокатот и поранешен државен јавен обвинител, Ставре Џиков.
Во истовреме ДУИ денеска поднесува иницијатива за распуштање на Собранието на Република Македонија и распишување на предвремени парламентарни избори.
Одлуката на ДУИ следи откако решија дека нема да поддржи ниту еден кандидат за претседател на Македонија за кого не постои консензус.
Првиот круг од изборите за нов собраниски состав би требало да се одржи на денот кога ќе се одржи вториот круг од претседателските избори.
Синоќа заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој требаше да се разгледа барањето на нивниот коалицискиот партнер за одржување на предвремени парламентарни избори.
Одлуката за самораспуштање на парламентот би требало да биде донесена најдоцна до среда, за да можат да се обезбедат роковите за одржување на изборите во тој термин.




