Координативно тело за управување со кризи предупредува: Не очекуваат обилни дождови
Координативното тело за управување со кризи попладнево упати препораки до локалната самоуправа и до градоначалниците, како и до Центарот за управување со кризи, ЕВН, МВР и АРМ, поради обилните врнежи од дожд што деновите се очекуваат во земјата од 30 литри на квадратен метар.
Во соопштението се наведува дека податоците с ебазираат на информации од УХМР.
Меѓу препораките се:
– градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
– да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
– градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
– да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
– континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
– локалните самоуправи да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
– сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
– припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
– возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ.




