Published: Wednesday, November 14, 2018 09:04
Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска во 10 часот закажа координација со потпретседателите на Собранието и со координаторите на пратеничките групи на која ќе се разговара за пратеничкиот статус на Никола Груевски, откако тој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.
Како што изјави Џафери, нелогично пратеникот да биде оправдано отсутен во ваква ситуација, но бидејќи законските прописи не предвиделе ваква ситуација, мора да се заземе став.
Доколку пратеник шест месеци е регистриран за неоправдано отсутен, Собранието може да му го одземе мандатот.




