Грчката европратеничка Мариа Елени Копа, која во Европскиот парламент беше известувач за стратегијата за проширување на Европската Унија фактот дека на декемврсикиот самит ЕУ не и беше доделен датум за почеток на преговорите на Македонија го објаснува со предизборниот период во кој се наоѓаат европските институции.
„Се наоѓаме на крајот од мандатот, затоа има помалку инсистирање на изнаоѓање на креативни решенија за прашањето со името“, вели Копа во интервју за Дојче Веле.
Притоа европратеничката за која се појавија шпекулации дека била вклучена во тајните дипломатски преговори меѓу Македонија и Грција во времето кога Јоргос Папандреу беше премиер на грчката влада се надева дека овај период во кој северниот сосед на нејзината земја, нема да преговара нема да биде „мртов период“.
„Се надевам дека 2014 година нема да биде ‘мртов период’ и дека сепак ќе биде направен чекор напред“.




