Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коридорот 8, пат кон интеграција или изолација?

0
By Marija Todorovska on March 15, 2025 ИЗБОР
Фото: ЦивилМедиа
Фото: ЦивилМедиа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 15, 2025 13:37

Според Зајкова намалениот број на транзитни патници и товарен сообраќај ќе бидат лош индикатор за можностите и перформансите на Македонија. Тоа не смее да се дозволи.

Драган Мишев

Само еден ден откако, според објавата на бугарскиот портал Медиапул, медиумите во земјава ја пренесоа веста дека Бугарија ја одложила изградбата на делницата од железничката линија Софија – Скопје која е дел од европскиот транспортен коридор бр.8, стигна демант од бугарското Министерство за транспорт и врски од каде велат дека написите во медиумите дека Бугарија се откажува од изградбата на Коридорот низ земјата и дека ги одложила градежните активности на пругата кон Македонија се шпекулации и дека Коридорот 8 останува национален приоритет за Бугарија.

Се чини дека  веста пренесена во медиумите, но официјално не потврдена од релевантни бугарски институции, беше добредојдена за министерот за транспорт и врски Александар Ниоловски, кој истата ја оцени како политичка порака и се пофали дека веќе ја пријавил Бугарија во ЕУ, испраќајќи  писма до Европската делегација, до Европската транспортна заедница, но исто така и до двете банки Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој,  и  не пропушти да објави дека со ова „паѓа и целата пропаганда, којашто беше водена во изминатите седум месеци против Владата, првенствено против премиерот Мицкоски и против мене дека имаме нешто против Бугарија дека не сакаме да се поврзуваме, дека сме биле некаква оска Атина-Белград и слични глопости коишто беа дел од пропагандата.“

Вицепремиерот и министерот за транспорт и врски, Николовски  додаде дека вистината е најлесна и вистината излезе, а како што рече „тоа е дека ова било само залажување и оправдување и пред јавноста и пред европските институции, а намерите биле сосема различни“, заборавајќи притоа дека токму владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, и тој како министер,  уште кон крајот на август 2024 година, го отворија прашањето за пренамена на средствата од коридорот 8 кон коридорот 10 со образложение дека пругата кон Солун е многу важна за домашното стопанство, наспроти трасата Драч – Бургас која е дел од од таканаречениот НАТО Коридор за мобилност, сметајќи дека може да биде пропадната инвестиција, при што доби остри критики и одговор од ЕУ дека пренамена на средствата за други коридори или проекти не е предвидена.

Но, дали ваквата реакција на министерот по објавената вест во медиумите е избрзана, и претставува уште еден гаф на Николовски, познат по лажните изјави кои често ги споделува во јавноста. Дали пред да коментира, побара, или доби официјално озвестување од бугарската влада или некое бугарско министерство?

ЦИВИЛ Медиа уште вчера, по објавата во медиумите на наводната одлука на бугарската влада за одложување на изградбата на железничкиот коридор 8, испрати барање за коментар објавата, како и за импликациите на ваквата одлука за нашата земја до неколку политичари и пратеници, како и до МНР, од каде до објавувањето на овој текст, не добивме одговор.

Во својот коментар кој ни го испрати пратеничката и лидека на ЛДП, Моника Зајкова вели:

Од она што разбрав од јавните информации не станува збор за откажување на Бугарија од железничкиот коридор 8, туку за одлагање на плановите за реставрација и подобрување на постоечката пруга која се протега на должина од 48 км на излезот од Софија кој е дел од Коридорот 8, вели Зајкова.

Реновирањето на пругата, се чини е оставено за после 2027 година, што коинцидира со застојот во работите на градбата на целиот коридор кој треба да ги поврзе Црното и Јадранското Море. За нас како држава тој коридор е важен бидејќи ја прави Македонија геостратешки важна точка во која се вкрстуваат два паневропски коридори – тоа не значи само патнички сообраќај, тоа значи развој, инвестиции, просперитет. Секое одлагање на плановите и работите никако не се добра вест и значат застој. Другите грабаат напред и ги користат новите геополитички моменти, особено ако се види паралелната одлука да се забрза работата во Бугарија на подобрувањето на железничкото поврзување со Србија, очигледно како последица на членството на Бугарија во Шенген и укинувањето на границата со Грција. И наместо да бидеме транспортен јазол, можеме лесно да станеме транспортно слепо црево, заобиколени од соседите и заборавени од инвеститорите. Нас ни требаат повеќе, а не помалку врски и патни и железнички и авонски, додава лидерката на ЛДП.

Според Зајкова намалениот број на транзитни патници и товарен сообраќај ќе бидат лош индикатор за можностите и перформансите на Македонија. Тоа не смее да се дозволи.

 Затоа наместо успорување, потребно ни е забрзување на европскиот политички пат, бидејќи гледаме и по примерите на нашите соседи дека тој интеграциски пат води до економски можности, резултати, развој, па и моќ на државата. Тој пат не оди преку неодамна укинатата авиолинија Скопје-Будимпешта. Вистинската вистина е дека членството во ЕУ ќе и донесе просперитет на Македонија, категорична е Зајкова.

За потсетување, На 1 јануари 2025 година Романија и Бугарија влегоа во Шенген зоната. Сега патниците и транспортерите од Европа ќе можат да патуваат низ Романија и Бугарија до и од Грција без притоа да застануваат на граничните премини, каде до пред тоа чекаа во колони возила за влез и излез, со што во регионот на Западен Балкан, особено во Србија и Македонија се запали алармот дека регионот ќе стане „слепо црево“ на Европа. Одложување на изградбата на Коридорот 8 само дополнително ги подгрева стравувањата.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Александар Николовски Бугарија Зајкова Коридор 8
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.