Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот

0
By Marija Todorovska on April 29, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот Радио Слободна Европа
Фото: Скриншот Радио Слободна Европа
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако Украина чека толку колку што Северна Македонија чека почеток на преговори со ЕУ, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. Таа е тажна приказна на Балканот, заедно со Косово и со Босна и Херцеговина, вели во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), еврокомесарката за проширување на Европската комисија, Марта Кос.

Таа, во интервјуто за РСЕ направено пред нејзината посета на Србија, изрази надеж дека до крајот на нејзиниот мандат како еврокомесарка, позиција што ја презеде во септември 2024 година, Црна Гора и Албанија би можеле да станат членки на Европската Унија.

 Знаете, јас доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија во поширока смисла. Значи, во некои аспекти, регионот беше подобар пред 20 години отколку што е денес. И има две или три многу тажни приказни. Една од нив е што Косово не може да оди напред. Друга тажна приказна е Северна Македонија. Знаете, ако Украина чека толку колку што Северна Македонија чека почеток на преговори, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е и Босна и Херцеговина, истакна Кос.

Во однос на проширувањето на ЕУ, Кос вели дека уште кога била кандидат за комесар, кажала дека проширувањето денес е различно отколку што било пред пет години.

Сепак, денес велам дека процесот на проширување е различен од оној што беше во јануари, бидејќи толку многу работи се променија, вклучително и новата Влада на Соединетите Држави (САД). Геополитиката се промени во смисла дека беше приоритет пред проширувањето, но не беше толку поврзана со делот за безбедноста и мирот. И повторно, некако со денешното проширување, се враќаме на основите за тоа зошто беше основана ЕУ. Тоа беше за да се обезбеди мир, слобода, просперитет, а денес би можеле да додадеме и безбедност. Тоа е всушност она што го правиме во целиот процес, рече Кос.

Секако, додаде еврокомесарката, сè уште станува збор за поглавја, кластери и одредници, но ова е многу поважно во смисла дека ако не успееме во ова, всушност, ќе го кажам вака, не смееме да не успееме.

Таа оценува дека денес е многу важно да не потфрлиме во процесот на проширување, што, како што вели, е најуспешната надворешна политика на ЕУ.

Би било неуспех ако не воведеме ниту една нова членка во ЕУ за време на сегашната Европска комисија и сигурна сум дека можеме да го сториме тоа. Би можеле да го направиме тоа со Црна Гора. Сите поглавја се отворени, па затоа ги затвораме за да можеме да го завршиме процесот на крајот на 2026 година од техничка гледна точка. Со Албанија, би можеле да го завршиме процесот од техничка гледна точка до крајот на 2027 година. Зошто велам од техничка гледна точка? Бидејќи станува збор за постапка на преговори, а земјите кандидати мора да спроведат реформи, но потоа на земјите-членки е да одлучат дали ќе станат членки или не, вели Кос во интервју за РСЕ.

балкан Евроинтеграции Марта Кос Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.