Екипите на Задар и на МЗТ Скопје во плејоф финале за пополнување на кошаркарската АБА лига. Мечот во салата „Крешимир Ќосиќ“ на брегот на Јадранот е попладнево од 18 часот.
Резултатот во македонско-хрватската плејоф серија за членство во АБА лига за сезоната 2019/20 е 1:1. Тимот од СЦ „Јане Сандански“ го доби првиот меч на гости со 89:83, Задар го возврати ударот во Скопје со 78:77, па денеска во мајсторка ќе решаваат кој ќе биде 12 тим во елитното регионално кошаркарско друштво, а кој ќе мора во АБА 2 лигата.