Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошта: Ја повикувам Русија да седне на преговарачката маса

0
By Marija Todorovska on September 24, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Фото: Скриншот јутуб eudebates.tv
Фото: Скриншот јутуб eudebates.tv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Единствената суштинска причина за војната во Украина е одбивањето на Русија да го прифати украинското право да ја избере сопствената иднина, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пред Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

 Мирот во Украина не е само интерес на Украина. Тоа не е само интерес на Европа. Тоа е интерес на глобалната заедница. Ако ја прифатиме инвазијата на Русија врз Украина, ниту една земја никогаш повеќе нема да биде безбедна, истакна синоќа Кошта во обраќање на седница на Советот за безбедност посветена на состојбата во Украина.

Според Кошта, во оваа војна Украина се бори за самите принципи на Повелбата на Обединетите нации – суверенитетот, територијалниот интегритет, почитувањето на меѓународно признатите граници и правото на избор на сопствената судбина.

Оваа војна започна со неоправдан и нелегален напад од страна на Русија. Ја повикувам Русија, која е постојана членка на Советот за безбедност, да се согласи да седне на преговарачката маса. Да запрат убиствата. Да запре со уништувањето. Да престане со заканите кон соседните земји, истакна Кошта.

Тој воедно ја повикува и меѓународната заедница активно да се вклучи во мировните напори со целосно почитување на Повелбата на ОН, додавајќи дека сакал да ја види и Кина, уште една постојана членка на Советот за безбедност, како придонесува за праведен и траен мир во Украина.

Стремежот кон мир мора да биде врвен приоритет на глобалната заедница. Европската Унија ќе продолжи да работи за да се стави крај на оваа војна и ќе ја поддржува Украина на секој начин. Прекинот на огнот, на кој Украина веќе се согласи, е првиот чекор кон тоа, потенцира претседателот на Европскиот совет.

Кошта најави и дека Европската Унија ќе продолжи да врши притисок врз Русија преку санкции за да се стави крај на агресијата и да се обезбеди траен мир со конкретни безбедносни гаранции за Украина.

За да ги исполниме аспирациите на украинскиот народ, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и на нејзиниот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Времето за мир е сега. И сега е време Русија да ја запре оваа агресија, заклучи Кошта во обраќањето.

ЕУ Кошта Мир ОН Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.