НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошта: Мора да работиме Северна Македонија да го исполни предусловот за формално отворање на преговорите

0
By Marija Todorovska on December 16, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најважно е сите да сфатиме дека имаме малку време и дека го имаме чувството за итност. Со секој изминат ден на луѓето од Западниот Балкан ќе им биде потешко да веруваат дека, всушност, еден ден ќе го завршиме овој процес (на пристапување), порача Кошта. 

Сашко Панајотов

Мора да работимe за целосно исполнување на обврските на Северна Македонија, кои се предуслов таа формално да ги отвори пристапните преговори и колку побрзо се спроведат реформите и се исполнат сите критериуми, толку побрзо ќе го завршиме процесот на проширување и секој од партнерите од Западниот Балкан ќе влезе во Европската Унија, порача денеска претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во интервју со група новинари од Западниот Балкан, меѓу кои и дописникот на МИА од Брисел.

Секако, неопходно е да се почитува она што Северна Македонија го оствари и мислам дека е многу важно да се постигне зајакнување на довербата меѓу Северна Македонија и нејзините соседи, особено Бугарија. Мора да работиме за да обезбедиме дека Северна Македонија целосно да ги исполни своите обврски, кои се предуслов Северна Македонија формално да ги отвори преговорите. Имам голема почит кон напорите што Северна Македонија ги направи во минатото за надминување на пречките, особено со Грција. Тоа е земја кој дури го промени своето име за да ги надмине овие пречки, нагласи Кошта во одговор на прашање.

Во врска со рокот поставен од неговиот претходник Шарл Мишел, кој 2030 година ја постави како цел за прием на нови членки во ЕУ, Кошта рече дека како што нагласи и во неговиот инаугуративен говор при преземањето на функцијата кон крајот на минатиот месец, тој не верува во „вештачки календари“.

Најважно е сите да сфатиме дека имаме малку време и дека го имаме чувството за итност. Со секој изминат ден на луѓето од Западниот Балкан ќе им биде потешко да веруваат дека, всушност, еден ден ќе го завршиме овој процес (на пристапување), порача Кошта.

Тој додаде дека не може да каже дали тоа ќе се случи за една, за три години или за четири години, но фокусот мора да се стави на тоа што треба да се направи врз основа на тоа чувство за итност.

Колку побрзо успееме да ги завршиме реформите, толку побрзо ќе успееме да ги исполниме сите критериуми, толку побрзо ќе го завршиме овој процес и секој партнер од Западниот Балкан ќе влезе во Европската Унија. Колку побрзо тоа се случи, толку побрзо ќе имаме побезбедна, посигурна и попросперитетна Европа, додаде Кошта.

Според него, во проширувањето постојат две димензии – преговорите меѓу Европската комисија и кандидати за членство и едногласното одобрување од сите земји членки, па затоа треба да се почитува и оценката на секоја членка и средбите треба да се искористат искрено да се зборува лице в лице, да се постават тешките прашања, да се дадат тешките одговори и да се направат обиди да најде заеднички јазик, со цел да се трасира патот за одење напред.

Доаѓам од земја со искуство од пристапувањето и знам дека не е лесно. Има напредок и потоа назадување, се појавуваат проблеми. Најважно е да ја задржиме нашата заедничка волја да го завршиме овој процес и да сфатиме дека тоа е процес заснован на заслуги, но чувството на итност подразбира сите да работиме понапорно и побрзо за да го завршиме процесот, рече Кошта.

На прашање на МИА кој е новиот моментум што треба да му се даде на проширувањето, за кој тој говори во поканата за претстојниот Самит на ЕУ, Кошта истакна дека не станува збор само за самиот процес на преговори, туку и за спроведување на Планот за раст на Западниот Балкан, кој, всушност, значи шест милијарди евра за поинтензивна поддршка.

Ова е огромна инвестиција. И ова е многу важно, бидејќи не е само изградба на инфраструктура, туку и поддршка на реформите. Тие реформи се многу важни за пристапувањето, но тие се поважни за просперитетот на различните партнери од Западниот Балкан. И за ова, мислам дека има многу важен моментум. Сега сме во новиот институционален циклус и ова е многу добар момент да се поттикне овој процес. Се надевам дека Самитот оваа недела може да биде многу важен чекор за поттикнување на овој процес, заклучи Кошта.

Според него, ЕУ е повеќе од само единствен пазар или единствена валута, туку тоа е Унија на заеднички вредности.

– Мислам дека овој пристапен пат е и најдобриот начин да се осигураме дека сите ги спроведуваат неопходните реформи за да ги постигнеме и почитуваме нашите европски стандарди на вредности, како што е владеењето на правото, рече Кошта.

Тој нагласи дека за него е многу важно да биде во близок контакт со граѓаните од Западниот Балкан затоа што треба да се изгради нова ера на доверба меѓу ЕУ и партнерите од регионот по толку долг процес на говорење за пристапувањето.

Проширувањето е еден од клучните приоритети за мојот мандат. Веќе имав можност да се сретнам со сите лидери на шесте партнери од Западен Балкан и да разговарам со нив. Оваа недела го организираме овој многу важен Самит со сите 27 земји членки и шесте партнери кандидати од Западниот Балкан, бидејќи мислам дека е многу важно не само да се говори за проширувањето, туку и да се даде јасна идеја дека ова е вистинска посветеност да се обезбеди постепено проширување, што ќе им овозможи на граѓаните ефективни резултати од овој процес, рече Кошта, говорејќи за Самитот ЕУ-Западен Балкан закажан за в среда.

Според него, покрај Планот за раст, кој како што рече, е одличната рамка која ги менува односите меѓу ЕУ и партнерите, тука се и пристапот кон единствениот европски платежен систем, роаминг услугите или програмата Еразмус, кои се само некои од конкретните резултати кои граѓаните веќе би можеле да ги искусат и на некој начин да ги предвидат за во иднина.

Кошта нагласи дека е најважно е да се изгради силен доверлив однос и да се избегнат недоразбирањата не само со Европската Унија, туку и меѓу различните партнери од Западниот Балкан, со што ќе се создадат добри услови за чекорење напред и обезбедување на заедничка иднина.

Секогаш треба да запомниме дека сме во Европската Унија затоа што по драматичната Втора светска војна, Германија и Франција решија да ја затворат вратата за минатото и да изградат заедничка иднина. Ова е големо достигнување и тоа е духот на нашата Унија. Затоа ова проширување е толку важно, бидејќи Западниот Балкан е дел од нашето европско семејство. Ние споделуваме иста историја, исти вредности и иста култура во нашата различност. Ова е исто така најважната геополитичка инвестиција што можеме да ја направиме за нашата безбедност и просперитет во иднината. Се надевам дека за време на мојот мандат ќе биде можно да се дадат дефинитивни чекори за постигнување на оваа цел, рече Кошта.

Во врска со оценките дека е потребно ЕУ да се реформира за да биде подготвена за прием на нови членки, Кошта истакна дека прашањето што треба прво да се направи – проширување или внатрешни реформи на Европската Унија е „класична дебата“ што постоеше и пред големото проширување на Унијата со десет земји во 2004 година.

Всушност ги направивме двете работи. Го направивме проширувањето во 2004 година, а го одобруваме Лисабонскиот договор во 2009 година. Се разбира, треба да работиме на нашите внатрешни реформи, но не треба да го блокираме она што го правиме и што треба да го направиме во пристапниот процес, бидејќи е потребно време, истакна претседателот на Советот на ЕУ.

Кошта најави дека во првиот семестар од следната година Европската комисија ќе треба да презентира предлози за реализација на двата процеса.

Мислам дека е можно овие два процеса да се спроведуваат паралелно. Ќе биде потешко затоа што тоа значи повеќе работа, но не е невозможно да се работи на двата процеси истовремено. Но, најважно е да го задржиме процесот на проширување со Западниот Балкан на вистинскиот пат и да се надмине овој недостиг на доверба меѓу страните. Но, исто така е неопходно, дозволете ми да го нагласам ова, партнерите од Западниот Балкан да се потрудат да ги надминат своите билатерални проблеми за да имаат добар резултат во овој процес, порача Кошта.

Во однос на предлозите за укинување на консензусот при носењето одлуки од страна на членките на ЕУ за премин кон следните фази во преговарачкиот процес, со што би се избегнале евентуални вета поради билатерални прашања, Кошта истакна е потребна добра верба и добра волја за надминување на проблемите.

 Ако сите се со добра волја и ако работиме добро, ќе немаме вета и нема да треба да ги менуваме правилата, а правилата треба да ги почитуваме. Она што ни треба е да дадеме резултати. И на ова треба да работиме, истакна Кошта во заедничкото интервју за медиуми од Западниот Балкан, меѓу кои и МИА.

ЕУ Западен Балкан Кошта преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.