Минималните плати во државите од Западен Балкан се најниски во Европа покажува истражувањето на агенцијата Анадолија кое го објави Ал Џезаира.
Најниските минимални плати во Европа се во Косово, Македонија и Албанија додека највисока минимална плата на Балканот имаат во Хрватска.
Највисоката минимална плата е во Луксембург во износ од 1.923 евра што е 15 пати повеќе од најнискиот минималец на Косово во висина од 130 евра.
Во Македонија според ова истражување минималецот е само едно евро повеќе од Косово, 131. Албанија е со нешто повисок минималец од 149 евра по што на листата следи Србија со 170 евра.Во Црна Гора и Босна минималните плати се 193 однсо 190 евра.
На ниво на ЕУ најнискиот минималец е во Бугарија 184 евра наспроти највисокиот во Луксембург од 1.923 евра.