Уставниот суд на Косово соопшти дека изборот на Иса Мустафа за претседател на Парламентот на Косово на конститутивната седница на 17 јули, е неуставен.
Во Уставниот Суд на Косово било одржано јавно сослушување и се одлучило целиот случај да се врати на почеток, објавено е денеска на Интернет страницата на Судот.
Според Уставниот суд, за време на конститутивната седница бил прекршен Уставот и Деловникот за работа на Парламентот. Судот пресуди дека било неуставна постапката за избор за претседател поради тоа што била донесена одлука за одржување конститутивна седница, иако за тоа немало кворум.
Уставниот суд констатираше дека претседателот на Собранието треба да биде од редовите на најголемата парламентарна група Демократска партија на Косово на Хашим Тачи.
На крајот, Уставниот суд ја прогласи неуставна конститутивната седница бидејќи не била завршена по изборот на претседател и потпретседател со што се прекршени Уставот и Деловникот.