Според српскиот министер за Александар Вучиќ Косово во 2015 година ќе добие свој коден број кој ќе биде 383. Министерот ова го изјави на српската телевизија најавуваjќи дека косовскиот код повеќе нема да биде спрскиот 381.
Двете косовски мобилни мрежи работат на префикси на Словенија и Монако. Ова е најновиот договор во преговорите што од април ги водат Белград и Приштина и кои треба да го водат Косово кон преговори со ЕУ.
Во неделата шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон најави договор од областа на телекомуникациите помеѓу двете страни но таа не даде детали за договореното.
Меѓународниот телефонски префикс за Косово е на сила од 1999 година кој на оваа млада држава и создаде комплицирани и скапи проблеми.