Бизнис заедницата од Македонија преку Стопанската комора на Северозападна Македонија и Македонско – бугарската комора денеска во Приштина добилe ветување од косовските министрите за трговија и финансии Мимоза Кусари и Бесим Бекај дека ембаргото на македонските производи ќе биде симнато кога македонската влада ќе ги повлече мерките кон Косово.
Ние испративме писмо до надлежните владини министри и очекуваме нивна реакција, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија.
-Со децении градиме добри односи и релации со косовските стопанственици и не сакаме да го изгубиме косовскиот пазар поради донесени ад-хок мерки од двете страни, вели Зоре Темелковски од Македонско –бугарската стопанска комора пренесува Телма.
И двете комори упатија повик до здружението на транспортери „Макамтранс“ да престанат блокадите на граничниот премин Блаце, бидејќи како што велат, тоа не води во насока на конечно решение на проблемот,туку дополнително ја разгорува ситуацијата.




