Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Косово не попушта: Забраната за брашно- причина за ембаргото

0
By Менче Атанасова Точи on September 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 6, 2013 17:07


Косово не попушта. Ниту еден камион од Македонија не може да влезе на косовскиот пазар. Редица камиони од вчера наутро залудно чекаат на границата со Косово поради забраната која е воведена за ограничен увоз на производи од Македонија.

Како што известуваат косовските власти оваа строга мерка се должи на условениот увоз на брашно која ја воведе Македонија.

На официјалната веб страна на косовското Министерство за трговија стои дека одлучиле да го замрзнат увозот на македонските производи поради блокадата за увоз на брашно која ја воведе Македонија. Забраната стапи на сила од вчера и се однесува на увоз на: жито, брашно, скроб, млеко и млечни производи, производи од зеленчук и овошје, оцет, вино и други алкохолни пијалоци, тутун и производи од тутун.

-Ова е трета година по ред Владата на Македонија да прави блокада на увозот на брашно и пченица од Косово, кое е спротивно на договорот на ЦЕФТА. И покрај договорот одлуката на биде укината на 2 –ри септември, мерката за забрана на брашното сеуште важи и покрај ветувањата дадени претходно. Косовската влада неможе да дозволи таква блока и затоа ја воведува оваа мерка која стапува на сила од 5-ти септември се вели во образложениетео на Министертвото за трговија на Србија.

Министерството за трговија е посветено на заштита на локалните производители и ќе дејствува активно за да ги заштити од неправедната забрана за извоз на косовските призводи. Одлуката ќе важи до укинувањето на забраната за увоз на брашно се вели известувањето на Министерството.

Стопанската комора и компаниите предупредуваат дека доколку проблемот не се реши брзо, Македонија може неповратно да го изгуби косовскиот пазар бидејќи периодот на ембарго може да го искористат Србија, БИХ или Хрватска.

Уплашени се и превозниците поради загубите од застојот на камионите. Здружението на авто-превозници веќе ги известиле своите членови дека транспортот за Косово е запрен, а камионите кои транзитираат да го заобиколуваат Косово.

-Известени се сите членови на нашата асоцијација, на границата веројатно се наоѓаат камиони кои не биле запознати со новонастанатата ситуација со Косово изјави за НОВА Биљана Муратовска генерален секретар на Макам-Транс.

Откако НОВА вчера прва ја објави веста Владата со став се огласи дури денеска. Премиерот Груевски изјави дека преку разговори се обидуваат да ги нормализираат односите со Косово и доколку во тоа не успеат можни се сите опции.

– Мерката која претходно Владата на Македонија ја воведе за брашното не е насочена кон една држава туку кон сите земји членки на ЦЕФТА и е во согласност со регулативата на ЦЕФТА. Мерката пак преземена од Косово еднострано е насочена кон Македонија. Во текот на денешниот ден се обидуваме преку разговори да ги нормализираме работите.Доколку во тоа не успееме можни се сите опции. Не станува збор за мерка само кон Косово туку кон сите земји членки на ЦЕФТА и ниту една друга земја членка не реагира на ваков начин како што реагира Косово и без претходна најава,“ изјави Груевски.

Реагираат и од Здружението на производителите на вино. Тие велат дека во првата половина на оваа година бил забележан пораст на извозот на вино во шишиња во однос на истиот период лани, со одлична продажба и двојно повисока цена по литар на флаширано вино.

-Ембаргото кое го воведе Косово секако дека ќе има негативни последици по овој позитивен тренд, но ние искрено се надеваме дека преку дијалог на надлежните министерства оваа ситуација ќе биде многу бргу надмината, со што ќе бидат отстранети сите пречки во меѓусебната трговија велат од Здружението на винариите.

Стопанствениците потенцираат дека косовскиот пазар иако мал, е многу значаен за македонската економија. Само минатата година на Косово биле извезени 56 401 литри вино со вкупна заработка од повеќе од половина милион евра. Но, најголема заработка Македонија има од земјоделските производи, зеленчукот, овошјето, оризот, млечните и пекарските производи. Само од ориз во државата лани се слеале повеќе од 2,2 милиони евра, а од пекарски производи 5,6 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.