Косово даде зелено светло за македонските производи, со што се стави крај на блокадата на косовската граница од македонска страна и наплатата на влезна такса за косовските државјани и возила во Македонија.
Од ноќеска на полноќ, македонските производи повторно може да се извезуваат на косовскиот пазар, а премините Јажинце и Блаце се слободни за сообраќање, по петдневнтаа блокада што ја поставија македонските превозници од „Макамтранс“ во знак на револт од ембаргото од косовската страна.
Министерот за економија Ваљон Сарачини, како што соопшти неговиот Кабинет, вечерва на полноќ ќе го посети граничниот премин Блаце за да се увери дека практично почна да се реализира слободниот проток на стоки, луѓе и услуги меѓу Република Македонија и Република Косово.




