Косовската полиција уапсила 40 луѓе осомничени за учествувале во војните во Ирак и Сирија во формации на Исламската држава и на Ал Нусра.
„Акцијата беше спроведена во текот на ноќта на 60 локации на Косово и се уште е во тек“, изјавил за Радио Слободна Европа портпаролот на косовската полиција Беки Келани.
Притоа биле откриени експлозиви, оружје и муниција од различен калибар. Во полициското соопштение се наведува дека акцијата била преземена во соработка со Државното обвинителство на Косово поради опасноста за националната безбедност и за заштита на уставниот поредок.
Полицијата ги наведе само иницијалите и местото на раѓање на уапсените. Според податоците на косовската полиција, досега 16 жители на Косово биле убиени за време на борбите во Ирак и Сирија.