Постојано ги охрабруваме Албанците во Македонија да бидат дел од институциите, дел од демократскиот живот, рече косовскиот премиер Хашим Тачи за Бугарското национално радио, а пренесе софиската агенција „Фокус“.
– Би сакал да забележам дека 3 отсто Срби на Косово имаат поголеми права од 35 отсто Албанци во Македонија. Сметам дека албанските лидери и македонските власти во Скопје треба да разговараат за спроведување на Охридскиот мировен договор – рече Тачи во интервјуто.