Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадинов ја подготвува Струмица за 100 отсто електричен јавен транспорт

0
By Соња Крамарска on November 18, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов учествуваше на Економскиот форум на паметни градови од Западен Балкан, што се одржа во Прага во организација на Министерството за надворешни работи на Чешка.

Економскиот форум, во чии рамки присуствуваа претставници од јавниот и приватниот сектор, во фокус стави различни теми поврзани со одржливиот и паметен урбан развој, управувањето со води и отпад и урбаната мобилност, преку размена на искуствата од имплементацијата на паметните решенија на локално ниво, начините за нивно финансирање, како и согледувањето на добрите примери од праксата.

Во рамки на учеството на форумот, покрај презентацијата на паметните и одржливи решенија планирани и имплементирани во Струмица, градоначалникот оствари серија средби на кои покрај размената на искуства, конкретно разговараше за проектот со кој се планира Струмица да стане првиот македонски град со 100 отсто електричен јавен транспорт.

„Во изминатите неколку дена имав можност да споделам искуства со колеги – градоначалници од регионот во доменот на одржливиот и урбан развој во рамки на локалната самоуправа, како и да остварам контакти со претставници на европски и регионални тела и институции кои ги споделија своето знаење и добра пракса. Впечатокот кој го стекнав преку реализираните средби е дека Струмица полека но сигурно е препознаена како прогресивна општина од нашата земја која работи кон реализација на проекти со долгорочен бенефит за сите жители. Меѓународната соработка значи многу, како за уште поголемо етаблирање на Струмица во рамки на Европа, така и на ниво на поинтензивна примена на иновативни и одржливи решенија кои ќе служат за сегашните и идни генерации во нашата општина“, изјави Костадинов, по учеството на настанот.

На форумот беа присутни претставници од Европска Унија, Европската Банка за обнова и развој, Советот за регионална соработка, претставници на министерства од земјите од регионот, како и градоначалниците на паметни градови од земјите од Западен Балкан. Присутните, покрај учеството во панел дискусиите, имаа можност да посетат релевантни практични примени на технички решенија на различни локации во неколку градови во Чешка.

 

електричен јавен транспорт Костадин Костадинов Струмица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.