Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов,a по повод советничката блокада за неговите предлози запроблемите со водоснабдувањето на општината со вода за пиење и за наводнување, со отворено писмо се обеати до опотинските совеници. Во неготој наведува дека е подготвен на оставка доколку советниците од ВМРО-ДПМНЕ и пд ЗНАМ се заложат за решавање ба проблемите со водата.
Вчера, напиша Костадинов на ФБ, дадов предлог, дали доколку се исплати долгот за кој директорите тврдат дека е проблем, АД водостопанство ќе почне веднаш да испорачува почиста техничка вода за Струмица и ќе ги даваат сите потребни услуги како чистењето на речните корита за да спречиме поплави во Струмица, нормално со обезбедени писмени гаранции.
Очекував денеска советниците од ВМРО-ДПМНЕ, функционерите од ЗНАМ да разговараат и да прифатат или одбијат предлог.
До сега никој ништо не направи во однос на предлогот.
Наместо тоа, тие побараа оставка од мене!
Ова почитувани граѓани ја разоткрива саботажата кои заедно со ЗНАМ ја спремале за жал свесно или несвесно помогнати и од член на мојата партија, активен директор во ВОДОСТОПАНСТВО.
Денес еве ви друг предлог:
Ако заради политички поени, ја држите Струмица во заложништво, ни пуштате кал, намерно не ги чистите речните корита за да се поплавуваме, дадете писмени гаранции дека веднаш ќе испорачувате чиста вода од Турија, ќе инвестирате во брана Турија, ќе чистите речни корита кои се ваша надлежност, ја имате мојата оставка.
Се надевам дека овој предлог ако малку имате човечност ќе го прифатите.
Не ја држете Струмица во заложништво!
Ако Костадинов е проблемот, еве да ви помогнам.




