Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на прес конференцијата во штабот на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски соопшти дека првичните тенденции покажуваат сигурно, стабилно водство на заедничкиот кандитат Стево Пендаровски.
-На обработени над половина од пристигнатите резултати Пендаровски води со над 30.000 гласови. Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател на државата, рече Костадинов.
Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ дека имало низа нерегуларности, тој рече дека денеска се одржале фер и демократски избори и упати порака опозицијата да не бара изговори за поразот што им следува.
-Граѓаните го препознаа концептот за единство, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО. На фер, слободни и демократски избори граѓаните избраа вистински претседател кој оди наред. Ние граѓаните денеска кажавме конечно „не“ на враќањето назад во темното минато, на подлеби и изолација, рече Костадинов.




