Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска Стојчевска тврди дека не сторила кривично дело, Битиќи со поддршка: „И јас сум Бисера“

0
By Нова ТВ on April 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 19, 2021 19:34

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска тврди дека не неправила кривично дело со вчерашното доаѓање во Собранието, иако е во изолација поради КОВИД-19.

Костадиновска Стојчевска во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека е асимтпоматска, дека за да присуствува во законодавниот дом добила одобрение од лекари и дека притоа ги испочитувала сите протоколи. Пристигнала, повтори, со приватно амбулантно возило кое сама го платила, а заедно со колегата пратеник кој исто така дојде во скафандер, се движеле низ посебни ходници и воопшто не влегле во собрабиската сала, туку гласале од посебни кабини.

Пратеничката најави дека ќе одговори на секоја кривична пријава, и од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица, но и дека ќе поднесе кривични пријави во однос на нивното работење. Ќе им ги испрати, дополни, и сите скринови од лажните профили од кои, како што рече, добивала закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.

-Сакав да присуствувам на седницата зашто не се работи за мене или за Мицевски, туку за граѓаните кои го чекаат петтиот пакет мерки повеќе од два месеца. Нема кршење на ниту еден закон, не се движевме сами, бевме придружувани и одевме по сосема поинаков пат од другите пратеници. Не влеговме во собраниската сала,  бевме во посебни кабини. Не излегов во полициски час како Стоилковски да си купам бурек, туку во време кога ми беше дозволено од лекарски надзор. Не облеков скафандер за да се прошетам на корзо бо Битола, туку за да гласам и веднаш се вратив назад. Дојдовме по свое убедување, не бевем приморани. Избрани сме од народот и кога ќе почувствуваме дека сме во можност да пристсувуваме во СОоранието, ќе бидеме таму макар и под посебни протколи, објасни Костадиновска Стојчевска и додаде дека уште 24 часа е во самоизолација.

Според неа, колегите од опозицијата не го цитирале делот од Кривичниот законик кој вели дека ниту еден прекршок не е казнив со закон ако се работи за јавен интерес.

-Ќе одговорам на секоја кривична пријава, но и ќе возравтам со кривична пријкава до колегите од ВМРО-ДПМНЕ зашто доаѓаат на работа, а седат по канцеларии наместо да ја извршуваат работата, додека пратениците од Левица се појавуваат десет минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си одат, напомена Костадиновска Стојчевска.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој исто така гостува на ТВ 24, максимлано го поддржа вчерашното доаѓање на Костадиновска Стојчевска во Собранието со кус коментар – „И јас сум Бисера“.

-Два месеца бараме одговор и разумност од тие кои вчера рекоа дека ќе направат кворум. Каде беа два месеца? Знаете што значи на 60.000 семејства да им ускратите нешто елементарно, да им ги скратите парите што ги заработуваат?, рече Битиќи.

Мора да покажеме, подвлече, што значи владеење на правото, да креираме еднакви закони за сите, но ако некој своето самоволие го искажува кон 60.000 семејства, ние сме избрани од народот и мора да го преземеме ризикот во свои раце. Тоа е разликата меѓу разумни и неразумни, потенцира Битиќи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.