Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костова: Фемицидот е пораз на институциите – бараме кривична одговорност за сите што не постапиле

0
By Zoran Ivanov on September 18, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фемицидот е пораз на институциите – бараме кривична одговорност за сите што не постапиле. Се случи уште еден фемицид во Велес поради непостапување на институциите. Kако партија која ги донесе законските измени со кои фемицидот за првпат е препознаен како посебно кривично дело, СДСМ остро реагира на фактот дека и покрај јасните законски одредби, власта не успеа да ја исполни својата најважна задача, да заштити човечки живот, реече на прес конференција на СДСМ, Кристина Костова потпретседателка на партијата.

Законот не е украс на хартија. Тој е правна и институционална обврска. Ако институциите на власта дозволила жена да биде убиена, иако со месеци пријавувала, тоа значи кривична и политичка одговорност.

СДСМ бара оставка од Панче Тошковски и кривична одговорност за секој службеник кој со своето непостапување придонел за да се случи ова злосторство.

Бараме итна и независна истрага за институционалните пропусти.

Не смее да има полициски службеници или кој било друг вклучен во системот на заштита кој ќе се скрие зад бирократски оправдувања. Секој кој не постапил, а имал должност и обврска, мора да сноси последици согласно законот.

Целосна и доследна примена на Националната стратегија за превенција, со обврзувачки протоколи и механизми на одговорност мора да има.

Зголемување на случаите со фемицид во изминатите 15 месеци е особено загрижувачки.

Особено тешко затоа што се случува во време кога владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ не само што не гради институционални механизми за заштита, туку напротив ги брише.

Со последните законски измени, тие ја избришаа категоријата „родово базирано насилство“ од формуларите за пријави на булинг, со што испраќаат порака дека ваквото насилство не постои.
Тоа е директно охрабрување на насилниците уште од најрана возраст.

Животот на секоја жена мора да биде заштитен од страна на државата и институциите.

Држава што не ги штити жените, е држава што ги остава на милост и немилост на насилниците.

Тоа мора да престане веднаш.

И во еден ваков контекст, уште потешко е да се гледа како луѓе блиски до власта си дозволуваат да навредуваат и понижуваат жени.

Миленко Неделковски, повеќедецениски мегафон на ДПМНЕ и актуелен извршен директор на ФК Вардар, изрази вербално насилство и изрече навреди кон жена, со што покажа длабоко непочитување кон достоинството на сите жени.

За такви личности немаат место во спортот, треба веднаш да биде разрешен од функцијата директор на најтрофејниот македонски клуб и соодветни санкции.

ДПМНЕ не смее да молчи и да го брани Неделковски. Молкот значи соучество, премолчувањето е охрабрување на насилството.

СДСМ ги поддржува денешните протести на невладините организации и повикува на гласност. Нашата порака е јасна: нулта толеранција кон институционално непостапување и кон говор на омраза, нагласи Косотва.

 

Кристина Костова прес СДСМ Фемицид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
ФОКУС

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

ВЕСТИ September 24, 2025

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се…

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

September 23, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025

Ерион Велиај е разрешен од функцијата градоначалник на Тирана

September 24, 2025

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

September 23, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.