Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костова: Со ваква пресуда слободно може да ставиме катанец на „Фокус“

0
By Нова ТВ on January 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 17, 2014 13:45

– Со ваквиот судски аршин – за пренесена изјава од релевантен извор, човек кој оваа власт го назначи за државен секретар во МНР, а потоа и амбасадор во Чешка, да бидеме казнети со околу 9.000 евра – можеме комотно да ставиме катанец на Фокус. Или, можеби и тоа им е целта, вели за НОВА уредничката на Фокус, Јадранка Костова, откако Основниот суд Скопје 2 одлучи „Фокус“да му плати 9.000 евра отштета на Сашо Мијалков.

>>„Фокус“ треба да му плати 9.000 евра отштета на Сашо Мијалков

Десната рака на Костова, заменик-главниот уредник Владо Апостолов предупредува на фаталните завршници на критичките новинари во Македонија:

– Добивме голема казна поради пренесени изјави на ексамбасадор, но од друга страна мислам дека поминавме сосема добро. Во земја каде новинари завршуваат во затвор или загинуваат во сообраќајки под многу чудни околности, ние треба да сме пресреќни само со парична казна.

Целата македонска јавност треба да се запраша зошто нема ни трага ни глас од ексамбасадорот во Прага, Игор Илиевски откако ги даде изјавите за „Фокус“.

Исто така, апелирам колегите новинари да ги следат процесите во кои за клевета и за навреда тужени се функционерите од Владата, како оној кога Граѓани за европска Македонија го тужат Зоран Ставрески и со тоа убаво да ги видат двојните аршини на нашето судство, изјави Апостолов за НОВА.

Пресудата поточно ја донесе Јованка Спировска-Панева, а според неа, Јадранка Костова е казнета со 5.000 евра, а новинарот Владо Апостолов со 1.000 евра. Дополнително, уредникот и новинарот треба да ги надоместат и судските трошоци на адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски, во вредност од 3.312 евра.

Во судскиот процес во кој обвинет беше и поранешниот амбасадор на Македонија во Чешка, Игор Илиевски, тој на Мијалков, треба да му плати 10.000 евра.

Првиот човек на УБК не се појави на ниту едно рочиште, а не достави ни психијатриско вештачење за претрпените душевни болки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026

Орбан му честиташе на Петер Маѓар: Тиса со двотретинско мнозинство победи на изборите во Унгарија

ВЕСТИ April 12, 2026

Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски му ја честиташе изборната победа на лидерот на Тиса, Петер…

Унгарија: Орбан во политичка историја

April 12, 2026

Будумпешта: Опозицијата во надежна попбеда на потсизборен митинг

April 12, 2026

Американските и иранските претставници го напуштија Исламабад

April 12, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.