„Министерот за правда, Тупанчевски потпиша договор со ЕУ за соработка со европското јавно обивнителство. Тоа обвинителство презема дел од ингеренциите. Ова е доказ дека Владата искрено сака да се бори против корупцијата и да создаде услови за професионално работење на обвинителствата“ изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека со самото тоа што се ставаме под ингеренции на ЕУ докажуваме дека сакаме да се бориме со корупцијата.

„Сите сме свесни како функционира системот. Токму затоа треба да го пренесеме европскиот систем што функционира кај нас“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ додаде дека тоа ќе го направиме со почеток на преговорите и имплементација на реформите кои следуваат во преговорите.

„Така ќе донесеме европска правда, европски стандард, европска животна средина и европско здравство во Северна Македонија“ рече Коциќ.

ВМРО-ДПМНЕ нема интерес за напредок на државата и влез во ЕУ, туку само за доаѓање на власт

„ВМРО-ДПМНЕ не ги интересира ни напредокот на државата, ниту влезот во ЕУ, туку само доаѓањето на власт. Две години, по парламентарните избори во 2022, зборувате само за избори и создавате препреки за решавање на внатрешните и надворешните проблеми“ изјави пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во дебатата со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Коциќ изјави дека не е патриотизам создавање препреки и блокриање на државата само за враќање на власт.

„Тоа е работа само во личен интерес за враќање на власт на луѓето кои ја искрадоа државата цели 11 години.“ рече Коциќ.

Пратеникот од СДСМ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ создаваше хистерија меѓу граѓаните дека со почетокот на преговорите за ЕУ ќе се промени историјата и јазикот ќе стане западно-бугарски дијалект, што на крај испадна дека не е точно.

„Не можете сега да излезете пред вашите гласачи и да објасните зошто ги хушкавте против тоа што се гласаше во Собрание и не навредувавте нас. Вие зборувавте дека со почетокот на преговорите ќе зборуваме западно-бугарски дијалект. На кој јазик беше потпишан Договорот со Фронтекс?“ запраша Коциќ.