Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачев: оригинални документи ја откриваат вистината за историјата

0
By Светлана Јовановска on April 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 3, 2014 16:51

«Документите зборуваат: судбината на македонските Бугари» е дебата која во средата ја организираше бугарскиот пратеник Андреј Ковачев во Европскиот парламент во Брисел. На конфренцијата беа претставени документи од почетокот на 20 век кои зборуваат за «ситуацијата на македонските Бугари на крајот на 19от век и почетокот на 20 век», вели Ковачев.

Тој на конференцијата ги покани Николај Тошев, претседател на Сојузот на македонските здруженија и внук на Пере Тошев како и Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб во Скопје.

Самата најава на конференцијата предизвика негативни реакции во Македонија. Ние одлучивме да му дадеме збор на Ковачев кој ја објаснува пораката на овој контрадикторен бриселски настан.

Која е пораката на оваа конференција?

Оваа конференција е претставување на книги од историјата од почетокот на 20 век кои се излагања на дипломати, пратеници, новинари… Тие книги се подарок од гдин Димитар Тодоров кој работел во ОН во Швајцарија и собрал оригинални документи и писма помеѓу бугарските државни организации и жалби кои биле испраќани од Македонија до тогашната Лига на народите за нивната тешка судбина за време на српската окупација во Македонија и нивната желба за самоопределување без притисок. Наша желба е овие документи да бидат на располагање во библиотеката на Европскиот парламент за да можат сите кои во ЕУ се занимаваат со Балканот да читаат оригинални документи.

Каков е вашиот одговор на критичарите кои велат дека вие со вашите ставови ја манипулирате историјата?

Со чудење разбрав дека во медиумите во Македонија има таква интерпретација на оваа конференција. Наша желба е само да претставиме оригинални документи и не разбирам зошто некому во 21 век тоа му пречи! Ова се оригинални документи од почетокот на 20 век по Балканските војни и Првата светска војна и договорите за поделба и цртање на границите за време на жестоката српска окупација на Македонија. Во сите резолуции на Европскиот парламент е повеќе пати кажано дека треба да има објективен приод кон историјата и таа не треба да не дели туку треба да не обединува.

Наша желба не е да ја сопреме македонската интеграција во ЕУ и тоа треба да се покажува. И затоа ми е жал што има такви толкувања во Македонија. Ние само сакаме да се читаат оригиналите на документите а не нивната интерпретација. Со читањето ќе се види што се случувало и како размислувале луѓето тогаш. Никој не сака на Македонија да и наметне некој друг идентитет и тие што се Македонци се добредојдени како такви. Но да не ја злоупотребуваме историјата според желбите на некои политички сили.

Има ли според вас македонско малцинство во Бугарија?

Граѓаните на нашите две држави имале општа историја и таа почнала да се разделува некаде кај 1944-45 година и тоа го има направено комунистичкиот режим преку вршење насилство кај македонските Бугари. Од тогаш со до сега се пораснати повеќе генерации кои имаат изградено друг идентитет во тогашна Југославија а сега независна Македонија.

Но не смееме да прифатиме манипулација на историјата. Јас сметам дека секој човек има право на самоопределба и тука нема никаков проблем но никој не смее да чувствува страв, да изгуби социјални придобивки во општеството и да биде маргинализиран затоа што отворено кажува кои биле баба му и дедо му, семејството, дека ги читал оргиналните документи и знае што пишува во изводот на родените и црковните записи, тој знае кои биле и го знае своето потекло. Тоа е тоа што го бараме.

А дали има македонско малцинство во Бугарија? Во Бугарија има 2 милиони граѓани кои се од Македонија како географска област и тоа се македонските Бугари. Бугари и Македонци било синоним по 45 година на територијата на тогашна Југославија и тоа е променето. Но во Пиринскиот дел таква промена немало.

Има ли Бугари во Македонија?

Секој треба да биде она што се чувствува дека е. Тоа е самоопределување. И никој не треба да се плаши да каже што е. Затоа зборувам за историски документи во оригинал а не за нивната интерпретација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.