Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Делницата кај Плетвар е речиси завршена, очекувам за месец дена да видиме готов пат

0
By Соња Крамарска on November 5, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 „Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза, затоа што кога велиме дека градиме европска држава, мислиме на евроинтеграциите, но пред сè на европски квалитет на живот и европски животен стандард за граѓаните, тука дома“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешниот увид на градежни работи на делницата Фариш – Прилеп, после превојот Плетвар, каде беше заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.
„90 проценти од градежните работи на делницата се завршени. Сега се поставуваат сообраќајна сигнализација и банкини и затоа ќе си дозволам уште од сега да ве поканам на пуштањето на делницата Плетвар, важна секција  во должина од 19 километри која е значајна бидејќи е дел од главниот магистрален пат за цела Пелагонија. Ова е практично е продолжување на новиот експресен пат од Градско до Плетвар”, рече Ковачевски.
Оваа делница, како што дополни тој, но и целиот овој зафат, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над четири милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Грција, кај граничниот премин Меџитлија. Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во целиот пелагониски  регион.

„За само пет години, од 2017 година наваму, изградени се патишта во должина од околу 1.300 километри, што е значително поголема динамика, ако се земе предвид дека во претходниот 10-годишен период биле изградени двојно помалку патишта низ земјата, само околу 650 километри. Сега, активно се градат автопати во должина од 59 километри и се подготвува изградба на автопати во должина од преку 130 километри (за Коридор 10-Д и Коридор 8) и Скопје Блаце, фаза 2”, речеКовачевски.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека се работи и на двете фази од експресниот пат од Градско до Фариш, проект кој е исто така од исклучителено значење за цел Пелагонски регион заради брз, безбеден и поквалитетен сообраќај.
„Она што е уште поважно, децениската потреба на жителите од Пелагонијата, изградбата на автопат од Прилеп до Битола е приоритетен и тој проект е се поблиску до реализација. Очекувам веќе наредната годинабда започнеме со проектирање и изградба и на оваа автопатска делница“, рече тој.

бочварски Димитар Ковачевски Плетвар пуштање на делница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.