Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Добрата соработка со верските заедници ќе продолжи

0
By Biljana on February 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Добрата соработка со верските заедници ќе продолжи, со почит кон сите“, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски по средбата со претставници на верските зедници.

Ковачевски додаде дека нема нерешливи прашања кога се работи според принципот на почитување и дијалог и дека тој како премиер и оваа, политички стабилна Влада, се определени да ги продолжат и унапредат ефикасните политики, што даваат резултати во полза на сите граѓани.

Заеднички било констатирано дека успешната изградба едно општество за сите, во последниве години, е придобивка за сите граѓани, а во таа насока е истакната и добрата соработката меѓу верските лидери, како придонес во воспоставувањето меѓусебна доверба и почитување меѓу заедниците.

Од страна на сите верски лидери присутни на средбата била изразена поддршка премиерот Ковачевски и Владата да продолжат да работат како што е почнато, со отворен, чесен и достоинствен приод кон актуелните теми од важност за граѓаните и за добрата иднина на земјата.

На средбата, покрај Ковачевски, присуствувале првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, како и поглаварите на верските заедници во земјава: на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и со Марјан Димов, суперинтендент на Евангелско-методистичката црква.

верски заедници Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.