Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Догодина 324 милиони евра за модерна инфраструктура   

0
By Соња Крамарска on December 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Премиерот Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски го презентираа буџетот за 2023 година,  кој изнесува околу 324 милиони евра, што е за 135 отсто зголемување.

Буџетската каса е проектирана за изградба на автопатот на Коридор 8 и Коридор 10Д, изградба на железница на Коридор 8, изградба и санација на локални патишта во општините, гасификација, водоводни и канализациски мрежи, субвенции за нови авиoлинии, како и подобрување на транспортот на граничните премини.

„И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско–енергетска криза интензивно работиме на изградба и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Тоа е нашиот приоритет и во наредната 2023 година. Најголемиот дел од буџетската каса на транспорт и врски, за наредната година, односно 308 милиони евра се наменети за реализација на капиталните проекти, што е за 163 отсто повеќе од оваа година“, рече Ковачевски.

„Очекуваме следната година да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид и веќе во јануари 2024 година да можат граѓаните, сите ние да возиме по тој автопат. Активно продолжува изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, третата лента на патот Паланка-Деве Баир. Наредната година треба да почне изградбата на автопатските делници Ќафасан-Струга-Требениште, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово и Коридорот 10Д Прилеп-Битола. Активно ќе се работи и на изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, Дреново-Фариш, Скопје-Блаце прва фаза, Битола-Меџитилија и други автопатски делници“, изјави тој.

Во рамки на Коридорот 8, со предлог буџетот за транспорт и врски, 33 милиони евра се предвидени за изградба на железницата на овој Коридор. На крајот на октомври, пак, почна изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8 низ Северна Македонија – делницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка. Со тоа ќе се воспостави поврзување со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и пристаништето Драч во Албанија.

„Војната во Украина покажа дека е нерационално да се потпираме само на еден извор на енергија, и затоа изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградбата на дистрибутивни системи за природен гас е еден од приоритетите“, рече Ковачевски.

Владата на последната седница, во врска со тоа прашање, извршила дополна на буџетскиот распоред со цел да финансира донесување урбанистички план за Интерконективниот гасовод Северна Македонија – Грција. „Тоа ќе биде гасовод што го поврзува системот за пренос на гас на Северна Македонија со грчкиот Национален систем за пренос на природен гас во Неа Месимвриа“, објасни премиерот.

буџет 2023 Димитар Ковачевски Министерство за транспорт и врски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.