Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Економијата може да одговори на зголемување на минималната плата на 20.000 денари

0
By Соња Крамарска on December 26, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во првиот квартал од идната година ќе имаме зголемување на минималната плата, согласно  методологијата што беше направена на самиот почеток на мандатот на оваа Влада, која предвидува дека минималната плата се усогласува 50 проценти со зголемувањето на трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата, најави денеска премиерот Ковачевски.

„Имаме елемент на зголемување на продуктивноста на трудот и сметам дека економијата може соодветно да одговори на ова зголемување на минималната плата“, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали домашната економија во сегашните услови може да издржи нов „минималец“ од 20.000 денари.

„Јас бев директно вклучен во преговорите за минималната плата кај компаниите, особено кај членките на големите стопански комори, како и во ТИРЗ-овите, и при минатото зголемување на минималната плата не постоеше поголем проблем, бидејќи најголем дел од платите во приватниот сектор се на повисоко ниво, особено за стручните позиции. И самите гледаме дека преку зголемувањето на просечната плата во државата, сега многу повеќе се цени трудот на работниците, од случајот што беше порано во време на минатата власт, кога минималната плата беше на ниво од 8.000 денари, а просечната плата беше далеку помала од оваа што ја имаме денеска“, нагласи Ковачевски.

Прашан која е пречката што не може да се издаваат општинските обврзници, Ковачевски одговори дека не постои некоја субјективна причина за нивно неиздавање, но кога станува збор за задолжувања, секогаш се прават соодветни анализи од страна на службите во министерствата.

„Тука се работи за Министерството за финансии, Секторот за јавен долг, итн. Штом ќе бидат направени сите анализи, согласно Стратегијата за јавен долг на државата и согласно со претпоставките од таа Стратегија за јавен долг, која што се одобрува од Парламентот на крајот на денот и која што оди заедно со Буџетот, доколку е во рамките на претпоставките, тогаш процедурата ќе продолжи, така што не постои некоја субјективна причина, потенцира тој.

Ковачевски заедно со министрите за транспорт и врски и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благој Бочварски и Љупчо Николовски, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, присуствуваа на пуштањето во употреба на делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат Штип – Кочани.

Димитар Ковачевски минимална плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

ВЕСТИ November 7, 2025

Шестмина мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во…

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.