Оценето е дека геополитичката ситуација ја покажа потребата од јасна политичка ориентација на целиот Западен Балкан кон ЕУ, каде што географски и припаѓа регионот и дека за ова постои свесност и во ЕУ и после 17 години од кандидатскиот статус и јулското отворање на преговорите ова е момент што земјава годинава не треба да го пропушти.
Ковачевски нагласи дека Владата работи на справувањето со предизвиците од економско-енергетската криза, на потребните реформи и со европски начин на однесување во добрососедските односи. Тој, како што соопшти владината прес-служба, изразил уверување дека нема да се дозволи, провокациите коишто доаѓаат од трети страни да наштетат на европската агенда на државата и на билатералните односи со Република Бугарија.