Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Голема одлука на НАТО за Шведска, продолжува соработката со Украина

0
By Ана Василевска on July 11, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски од Вилнус
Димитар Ковачевски од Вилнус
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски од Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија денеска изјави дека ова е исклучително важен состанок кој доаѓа во многу важен момент, во момент кога се води војна во Украина.

„Состанокот доаѓа после Самитот во Мадрид на кој имаше многу работа која што ја работеа министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и секако претставниците во постојаното седиште на НАТО. Ќе бидат донесени неколку, многу важни заклучоци. Прво, ќе бидат донесени одлуки во однос на регионалните аспекти на одбраната на НАТО земјите и тоа вода, копно и воздух секако и за аспектите на сајбер одбраната и одбраната од хибридни напади“, кажа Ковачевски.

Според него, Северна Македонија како 30-та земја членка секогаш поддржува отворена врата на пристапување во НАТО, меѓутоа секако откако ќе бидат согледани сите безбедносни аспекти на актуелниот момент.

„Она што е многу важно, НАТО покажа дека е единствено како никогаш досега и донесена голема одлука со тоа што Шведска ќе биде 32-та земја членка на НАТО после вчерашните успешни разговори меѓу генералниот секретар на НАТО, г.Столтенберг, претседателот на Турција, премиерот на Шведска. Очекувам успешен состанок, мојот ден денес ќе започне со билатерална средба со премиерката на Естонија, утре имам билатерална средба со премиерот на Грција и секако одделни состаноци и со Индо-пацифичките држави, наши партнери со кои ќе разговараме за глобалните аспекти на безбедноста и одбраната“, заклучи Ковачевски.

Тој додаде дека ќе бидат донесени одлуки во однос на унапредувањето на соработката со Украина и во таа насока ќе биде формиран Совет на НАТО и Украина на кој во иднина ќе можат да се носат одлуките кои се однесуваат на заедничката соработка.

„Дополнително во однос на финансирањето на сите овие зголемени потреби за одбраната во овој нов геостратешки контекст ќе биде донесена одлука во однос на финансирањето и тоа значи дека 2% од БДП ќе биде практично минимумот за финансирање на одбраната, со тоа што најмалку 20% да бидат за модернизација. Северна Македонија е земја која што на модернизација веќе инвестира 30% од буџетот за одбрана што секако дека е потребно во овој контекст. Дополнително во однос на идната соработка со Украина, Северна Македонија има многу јасна позиција“, истакна премиерот.

 

Вилнус Димитар Ковачевски Нато самит 2023
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.