Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски и Петков на заедничката седница на владите во Софија: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството, наместо национализам и говор на омраза

0
By НОВА ТВ Balaban on January 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ќе работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките. Тоа е клуч за иднината, и посебно за нашата заедничката иднина во Европската Унија“, истакна во обраќањето на пленарната сесија на заедничката седница на владите премиерот Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во Владата на Република Бугарија, по што започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваат двајцата премиери.Во своето обраќање на пленарната седница, премиерот Ковачевски истакна дека со изразена политичка волја и за кратко време двете влади ја организираа заедничката седница како уште еден значаен исчекор кон решенија од заеднички интерес и кон придобивки за нашите народи.

„Позитивни пораки од посетата во Скопје и пријателскиот амбиент на оваа средба ни потврдува дека македонските и бугарските граѓани се исклучително заинтересирани за силни меѓусебни економски врски и за активности на соработка кои поврзуваат“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски.

Ковачевски ги оцени како многу важни активностите за поддршка на европските интеграции кои носат наша заедничка европска сегашност и иднина, и дека токму затоа е важно продлабочувањето на соработката на двете земји преку културни, образовни и младински размени, инфраструктура која поврзува, мобилност, движење, дигитализација, брз проток на информации, без застој и без пречки.

Премиерот Ковачевски уште додаде дека на овие теми е посветен сериозен дел и во Софија е направен чекор понатаму со формирањето на работните групи од кои се очекува на оваа заедничка седница да бидат договорени приоритетите во секоја област од нивна надлежност.

Ковачевски потенцираше дека и во Скопје и во Софија дијалогот тргна од позицијата дека новиот политички момент создаден преку мандатите на двете нови Влади создава услови да се направи заеднички исчекор во периодот што претстои.

„Ќе работиме низ потенцијалите и можностите, а не низ проблемите и пречките. Тоа е клуч за иднината, и посебно за нашата заедничката иднина во Европската Унија“, истакна во обраќањето на пленарната сесија на заедничката седница на владите премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков во своето обраќање потенцираше дека заедничката меѓувладина седница е од најдобар интерес на двата народи.

Утврдувањето на заедничкиот календар на владите и на работните групи е од посебно значење за процесот на евроинтеграцијата на Северна Македонија низ реализација на реални планови и проекти, рече Петков.

Бугарскиот премиер им посака на членовите на двете влади успешна работа, и, како што нагласи, наместо политичка реторика на граѓаните од двете земји да им понудиме резултати кои ќе го заменат национализмот и говорот на омраза.

Работниот дел од заедничката седница на двете влади ќе продолжи со тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и со средбата на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

Во исто време ќе започнат и одделните работни состаноци на министрите копретседавачи и членови на Работната група за економија, трговија и иновации, на Работна група: инфраструктура, транспорт, поврзаност, на Работната група за европска соработка, зелена транзиција и дигитална трансформација, и владеење на правото, на Работна група: култура, наука и образование, млади.

На оваа сесија од работниот дел на програмата е предвидено да се одржи и состанок на копретседателите на Мешовитата мултидисциплинарна комисија меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за историски и образовни прашања проф. д-р Ангел Димитров и проф. д-р Драги Георгиев.

Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби ќе продолжат со пленарната седница на којашто ќе се презентираат резултатите од работните групи, по што ќе следува потпишување на повеќе меморандуми и договори за соработка.

Владата на Република Бугарија Димитар Ковачевски Кирил Петков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.