Албанскиот премиер Еди Рама сподели селфи на Твитер со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски од Брисел, пред почетокот на дводневниот Самит ЕУ – Западен Балкан.

 „Сè уште го чекате Годо? – Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух“, напиша Рама на Твитер.