Годинава е постигнат договор за историски најголемо зголемување на откупната цена на грозјето од 30 отсто, рече на денешната прес-конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

„Смедеревката ќе се откупува по 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени. Верувам дека и винариите и лозарите се задоволни од постигната цена и дека договoрите ќе бидат испочитувани од двете страни“, додаде Ковачевски.

Премиерот Ковачевски, на заедничката прес-конференција со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, рече дека Владата ја демонстрира посветноста и грижата за извозно ориетнитеаните земјоделски гранки, како што е лоразството, во услови на најголема криза.