Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Континуирано инвестираме во современи училишта и квалитетен наставно-образовен процес

0
By Marija Todorovska on December 27, 2023 ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачески и министерот за образование Јетон Шаќири денеска во Струга го посетија основното училиште „Браќа Миладиновци“ каде комплетно се реновирани училниците и ходниците, а објектот доби и термоизолациска фасада, за што биле инвестирани над 660 илјади  евра, буџетски средства.

– Ова училиште е вистински пример за мултиетничност и за успешен соживот. Во изминатите пет децении тука растеле и се образувале генерации и генерации, учејќи на својот мајчин јазик, на македонски, албански и на турски и на тој начин ги негувале различностите и взаемната доверба и почит. Денес училиштето има над 1.200 ученици, од различна етничка припадност, меѓутоа можевме да се увериме на часовите кои ги посетивме работат, учат заедно и разменуваат многу убави работи, многу убави настани од нивните култури кои подоцна заедно ги учат, забекежа Ковачевски.

Образованието, нагласи, е еден од главните столбови и затоа, потсети дека вложуваат напори и средства за негово постојано подобрување и усовршување.

– Без образовани генерации нема прогрес. Затоа и инвестираме во современи училишта и квалитетен наставно-образовен процес. Само во последните две години,  со реконструктивни активности за кои беа обезбедени буџетски средства, опфатени се 120 училишни објекти, а изградени се и 43 училишни спортски сали во основни и средни училишта, рече Ковачевски.

Преку грант од Банката за развој при Советот на Европа во висина од три милиони евра информира дека е предвидена реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и набавка на нова спортска опрема за вкупно 50 спортски сали во состав на основните училишта.

– Дел од пренаменетите 32,5 милиони евра буџетските средства за општините односно над шест милиони евра, се токму за проекти наменети за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали во оние општини каде што е најпотребно, додаде премиерот.

Претседателот на Владата потсети и на зголемените плати на наставниците за околу 40 отсто, во последните две години и на административно-техничкиот кадар кој земал минимална плата.

Министерот за образование Шаќири, кој бил ученик во ова училиште изрази задоволство за подобрените стандарди за настава и за работа.

– Исклучително сум задоволен од тоа што досега е реализирано во делот на капиталните инвестиции. Ќе потсетам дека само во изминатиот период од две години, со реконструктивни активности опфативме над 120 училишни објекти, изградивме пет нови објекти, седум нови спортски сали во склоп на училишта, а набавивме и нови кабинети по природни науки, историја и географија за сите училишта. Годишните буџети надминуваа една милијарда денари и имавме реализација од над 95 проценти, рече Шаќири.

Тој вети дека грижата за образованието ќе продолжи и во иднина.

Димитар Ковачевски ивестиции образование современи училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.