Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски-Мецола: Силна поддршка од Европскиот Парламент за продолжување на европскиот пат

0
By Jane Gjorgioski on June 1, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Евроинтеграцискиот процес на земјава беше тема на разговор на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола, на маргините од вториот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во Кишињев, Молдавија.

-Мецола изрази силна поддршка да продолжиме по европскиот пат, соопшти владината прес-служба.

Оттаму информираат дека Ковачевски и Мецола се согласиле дека улогата на Собранието е клучна и оти одлуката која треба наредниот период да се донесе, е тешка, но државничка.

Таа одлука, додаваат, е крајно обврска на секој пратеник поединечно, и на Собранието како законодавен дом во кој директно се претставени граѓаните, кои сакаат европска иднина и сакаат да живеат во земја членка на ЕУ, но тука, дома, во Северна Македонија.

-Тоа не може да е одлука на еден човек, една влада или една партија и токму затоа и Ковачевски и Мецола ја потенцираа важноста на овој процес и апелираа до Собранието да ја донесе вистинската одлука која ќе овозможи просперитет и европска иднина за граѓаните на Северна Македонија, соопштија од владината прес-служба.

Во овој контекст, како што посочуваат, беше истакната и посветеноста на пратениците на Европскиот парламент за напредокот на земјата во процесот на пристапување во членството во ЕУ.

Димитар Ковачевски Европски парламент Молдавија Роберта Мецола
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.